Фридрих Михаел фон Пфалц-Цвајбрикен
| Фридрих Михаел | |
|---|---|
Фридрих Михаел фон Пфалц-Цвајбрикен | |
| Роден(а) | 27 февруари 1724 Рибовиле, Алзас |
| Починал(а) | 15 август 1767 (возр. 43) Швецинген, Баден-Виртемберг |
| Сопружник | Марија Франциска фон Пфалц-Сулцбах |
| Династија | Династија Вителсбах |
| Татко | Кристијан III фон Пфалц-Цвајбрикен |
| Мајка | Каролина од Насау-Сарбрикен |
Фридрих Михаел фон Пфалц-Цвајбрикен (27 февруари 1724 - 15 август 1767) — член на династијата Вителсбах. Тој бил син на Кристијан III фон Пфалц-Цвајбрикен и Каролина од Насау-Сарбрикен и член на династијата Пфалц-Биркенфелд-Цвајбрикен, огранок на династијата Вителсбах. Тој бил татко на баварскиот крал Максимилијан I Јосиф.
Фредерик Мајкл бил Филдмаршал, гувернер на Манхајм и конечно во 1758 година како Филдмаршал на војската на Светото Римско Царство во Седумгодишната војна против Фридрих Велики. По Битката кај Росбах, успеал повторно да ја мобилизира, поразената и распуштена империјална војска, за што го добил Големиот крст на Воениот ред на Марија Тереза. Во есента 1758 година, ја нападнал Саксонија, а наредната година го освоил градот Лајпциг. По војната, Фридрих ја доби титулата Главен командат во Бохемија, а подоцна станал претседател на тајната воена конференција.[1][2]