Фортуна (божица)
Фортуна (латински: Fortuna; грчки: Tykhe) божица на среќата и успехот, една од најпочитаните богови од Римјаните и Италјанците. Се сметало дека од неа зависат како народот така и другите богови. Изедначена е со грчката божица Тиха.
Фортуна била најнепостојана од сите божици, а била позната по тоа што своите дарови ги давала непланирано. Ја сметале и за божица на судбината.[1] Римјаните не бирајќи средства се бореле да ја стекнат нејзината наклоност, и затоа за неа граделе голем број на храмови и споменици. Многумина ја почитувале, бидејќи ги штитела и мажите и жените и децата.
Фортуна била позната и како:
- Фортуна Патриција - Заштитничка на богатите
- Фортуна Екуестри - Заштитничка на јавачите
- Фортуна Плебеја - Заштитничка на народот
Како и грчката божица Тиха, така и за Фортуна се смета дека е ќерка на титанот Океан, а во некои градови ја почитувале и како првородена ќерка на Јупитер.
Култот кон Фортуна
[уреди | уреди извор]Според легендата, култот кон Фортуна во Рим го вовел Сервиј Тулиј кој, благодарение на неа, од роб стигнал до кралска позиција.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Marguerite Kretschmer, "Atrox Fortuna" The Classical Journal 22.4 (January 1927), 267 - 275.
|