Филхармониска сала Елба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Филхармониска сала Елба
Elbphilharmonie Hamburg
Филхармониската сала Елба во 2013
Град
Земја Германија
Архитект Herzog & de Meuron
Тип Концертна сала
Отворен Планирана за 2017
Тековна употреба во изградба
www.elbphilharmonie.de


Филхармониската сала Елба или наречена Елфи[1][2] (германски: Elbphilharmonie Hamburg; Elphi) е концертна сала во изградба во квартот Хафен Сити во Хамбург, Германија. Концертната сала е проектирана од Herzog & de Meuron на местото на едно старо складиште („Kaispeicher A“).[3][4] Ќе биде највисоката населена зграда во Хамбург, со височина од 110 метри.

На 2 април 2007, Првиот градоначалник на Хамбург Оле фон Бојст, Хенер Малштет, Hochtief Construction AG, проектниот координатор Хартмут Вегенер, министерот за култура на Хамбург Карин фон Велк и архитектот Пјер де Мерон го поставиле камен-темелникот во складиштето Kaispeicher A. Во 2007, изградбата требало да биде завршена во 2010 со проценети трошоци на 241 милион евра.[5][6]

Во ноември 2008, се изменил првичниот договор, па така трошоците на проектот сега биле проценети на 450 милиони евра.[7]

Во август 2012, трошоците повторно биле препроценети и сега се очекувало да бидат над 500 милиони евра, што требало да ги покријат трошоците за зајакнување на кровната конструкција. Датумот на завршување бил поместен во летото 2015, како најрано очекуван.[8]

Моментално се очекува градежните работи да завршат во октомври 2016, а најраниот датум на отворање се предвидува да биде пролетта во 2017.

Источниот дел од градбата ќе биде наменет за хотелот „Westin Hamburg“, кој се очекува да се отвори во 2014.[9] Горните катови западно од концертната сала ќе се наменат за апартмани.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Stars kommen zu "Elphi"-Konzerten (Welt)
  2. Liegt der Michel-Fluch auf der Elphi? (Bild)
  3. Биро (2007-04-05), Филхармониска сала Елба од Herzog & de Meuron, ArchNewsNow.com, конс. 2008-08-23 
  4. Џегер, Фок (мај 2008), Водениот кварт за живот и работа: Хамбуршкиот Хафен Сити, Гете институт, Архивирано од оригиналот на 2 јуни 2008, конс. 23 август 2008  Check date values in: |archivedate=, |date=, |accessdate= (помош)
  5. „Start für Entkernung der Elbphilharmonie“. Die Welt. 5 август 2007. http://www.welt.de/hamburg/article1082336/Start_fuer_Entkernung_der_Elbphilharmonie.html. конс. 13 октомври 2008 г.  (германски)
  6. „Hamburgs Wahrzeichen wird gebaut“. Die Welt. 7 април 2007. http://www.welt.de/hamburg/article790214/Hamburgs_Wahrzeichen_wird_gebaut.html. конс. 13 октомври 2008 г.  (германски)
  7. Мишке, Јоаким (27 ноември 2008), "Preis des Prestigeprojekts steigt weiter.", Hamburger Abendblatt, конс. 12 март 2009  Check date values in: |date=, |accessdate= (помош) (германски)
  8. feb/dpa (21 август 2012). „Fertig im Sommer 2015 - oder noch später“. Der Spiegel online. http://www.spiegel.de/kultur/gesellschaft/elbphilharmonie-laut-spd-senat-fruehestens-sommer-2015-fertig-a-851312.html. конс. 9 ноември 2012 г.  (германски)
  9. http://www.starwoodhotels.com/westin/property/overview/index.html?propertyID=3579

Надворешни врски[уреди | уреди извор]