Филип Фидановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Филип Фидановски
Роден(а)27 ноември 1977
Скопје, Македонија Македонија
НационалностМакедонец
Занимањекерамичар

Филип Фидановски (Скопје, 27 ноември 1977) — македонски керамичар. Од 2019 година е избран за претседател на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Фидановски е роден во Скопје на 27 ноември 1977 година. Дипломирал во 2002 година на одделот за керамика и магистрира во 2006 година на Националната уметничка академија во Софија, Бугарија. Во периодот од 2003 до 2008 година работел како доцент на Факултетот за ликовни уметности при универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје. Од 2008 година е професор во Државното средно училиште за ликовни уметности и дизајн „Лазар Личеноски“ во Скопје. Од 1995 до 2015 година учествувал на 43 групни изложби во Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Белгија, Египет.

Учествувал на голем број уметнички симпозиуми во Македонија и странство, добитник е на неколку награди и има организирано повеќе самостојни изложби. Од март 2019 е избран за претседател на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.[1]


Наводи[уреди | уреди извор]