Фанџјингшан

Координати: 27°53′44″N 108°40′48″E / 27.89555556° СГШ; 108.68° ИГД / 27.89555556; 108.68
Од Википедија — слободната енциклопедија
Фанџјингшан
Fanjingshan
„Златен Врв на Црвен Облак“ на Фанџјингшан
Највисока точка
Надм. вис.2570 м
Координати27°53′44″N 108°40′48″E / 27.89555556° СГШ; 108.68° ИГД / 27.89555556; 108.68
Име
ПреводПланина на Чистата Земја на Брама (Кинески)
Географија
Фанџјингшан
Fanjingshan на карта

Карта

Службен назив: Фанџјингшан
Тип:Природно
Критериуми:(x)
Прогласено:2018, 42. заседание
Број1559
Област:Источна Азија

Фанџјингшан (кинески: 梵净山; пинјин: Fànjìngshān) или Планина Фанџјинг — планина во Тонгрен во покраината Гуиџоу, чиј врв е највисок на планините Вулинг во Југоисточна Кина, со надморска височина од 2570 м. Националниот природен резерват Фанџјингшан е основан во 1978 година и назначен за биосферен резерват на УНЕСКО во 1986 година. Фанџјингшан е света планина во кинескиот будизам, која се смета за бодиманда на Буда Маитреја. Во 2018 година била додадена на Списокот на светско наследство на УНЕСКО.[1]

Име[уреди | уреди извор]

Името на планината Фанџјинг е скратеница од Фантиан Џјингту (梵天净土<) или Чистата земја на Брахма. Фантиан е кинеското име за будистичкиот небесен крал Брахма, а Џингту е кинеското име за „Чиста земја“, средиштето на чистата земја на будизмот.

Места и околина[уреди | уреди извор]

Фангџјингшан се наоѓа во Тонгрен, покраината Гуиџоу, Југоисточна Кина. Тоа е највисокиот врв на планините Вулинг. Нејзиниот терен се протега на висини од 480 до 2570 метри надморска височина.[2][3]

Националниот природен резерват Фангџјингшан е основан во 1978 година, а за биосферен резерват на УНЕСКО бил прогласен во 1986 година. Резерватот зафаќа вкупна површина од 567 км² и е зачувана област за примитивната вегетација на средниот суптропски алпски регион на Источна Кина. Планината била прогласена за светско наследство во јули 2018 година.

Релативната изолација на Фангџјингшан обезбедила високо ниво на биолошка разновидност. Ендемските видови како што се реткиот гуиџоујски златен мајмун (Rhinopithecus brelichi) и елата фанџјингшан (Abies fanjingshanensis) се среќаваат само во мало подрачје со средиште на Фангџјингшан. Овде се среќаваат и неколку загрозени видови, вклучувајќи го кинеското џиновско мочуриште, шумскиот мошусен елен и фазанот рив. Тука се наоѓа и најголемата и најгуста суптропска исконска букова шума.

Будизам[уреди | уреди извор]

Фанџјингшан се смета за света планина на кинескиот будизам и според важноста доаѓа веднаш под Четирите свети планини на будизмот. Се смета за бодиманда (или даочанг) — местото каде што човекот достигнал просветлување — Буда Маитреја. Влијанието на будизмот стигнало до Фанџјингшан не подоцна од времето на династијата Танг, особено откако Хоу Хонгрен (侯弘仁) го изградил патот Зангке (牂牁道) во 639 г. н. е., олеснувајќи го превозот во планинската област. За време на следните династии Сонг и Јуан, биле изградени повеќе храмови.

Будизмот многу напредувал за време на династиите Минг и Чјинг кога култот на Тиангуан Маитреја (天冠弥勒) преовладувал во Фангџјингшан. Боџоујскиот бунт кон крајот на 16 век, им нанел голема штета на храмовите на Фанџиншан. Откако го задушил бунтот, царот Ванли му наредил на монахот Миаошјуан (妙玄), да го обнови Златниот врв и храмот Ченген (承恩寺). Многу други храмови биле изградени во областа, воведувајќи златна доба за будизмот во Фангџјингшан. Повеќето храмови за време на династиите Минг и Чјинг им припаѓале на будистичките секти Чиста земја и Линџи.

Во немирите што ја собориле династијата Чјинг, многу храмови биле уништени од разбојнички војски и бандити, а неколку монаси останале за време на ерата на Република Кина. По понатамошното уништување за време на Културната револуција, будизмот доживеал заживување од 1980-тите. Многу стари храмови се обновени и изградени нови, вклучувајќи го храмот Ченген, храмот Хугуо Чан (护国禅寺), Храмот на Големиот златен Буда (大金佛寺) и храмот Лонгчјуан (龙泉寺).

Во 2010 година, бил отворени будистичкиот културен парк Фангџјингшан со Златната сала, каде што се наоѓала статуата на Маитреја Буда висока 5 метри, направена од 250 килограми злато и илјадници скапоцени камења. Се вели дека е најголемата златна статуа на Маитреја во светот.[4]

Признанија[уреди | уреди извор]

Астероидот 215021 Фанџјингшан, откриен во 2005 година од астрономите на програмата за истражување на PMO NEO, го добил името по ова светско наследство. Службената ознака на името е објавено на 8 ноември 2019 година од Центарот за мали планети (MPC 118221).[5]

Родот (Fanjingshania[6]) на фосилни хондрихтиани откриени во покраината Гуиџоу е именуван по планината Фанџјингшан.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Unesco[]
  2. „Fanjingshan Biosphere Reserve, China“. UNESCO. August 2019. Посетено на 30 July 2021.
  3. „Fanjingshan“. UNESCO. Посетено на 3 July 2018.
  4. „梵净山佛教文化苑“ [Fanjingshan Buddhist Cultural Garden] (кинески). Government of Tongren. 28 November 2013. Архивирано од изворникот на 2018-07-08. Посетено на 7 July 2018.
  5. MPC-object
  6. Andreev, Plamen S.; Sansom, Ivan J.; Li, Qiang; Zhao, Wenjin; Wang, Jianhua; Wang, Chun-Chieh; Peng, Lijian; Jia, Liantao; Qiao, Tuo (September 2022). „Spiny chondrichthyan from the lower Silurian of South China“. Nature (англиски). 609 (7929): 969–974. doi:10.1038/s41586-022-05233-8. ISSN 1476-4687. PMID 36171377 Проверете ја вредноста |pmid= (help).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]