Фантастична ноќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Фантастична ноќ (германски: Phantastische nacht) - новела на австрискиот писател Штефан Цвајг од 1922 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Есента 1914 година е убиен баронот Фридрих Михаел фон Р., резервен офицер во војската на Австроунгарија, а по неговата смрт се пронајдени белешките во кои тој го запишал она што му се случило на 7 јуни 1913 година:

По завршувањето на студиите, додека се подготвувал да избере некое занимање, родителите на баронот умираат оставајќи му големо наследство, кое му овозможува удобен живот без да работи. Младиот барон им се препушта на секојдневните задоволства и материјални убавини на животот: тој е дел од високото општество во Виена, оди на балови, има успех кај жените итн. Сепак, неговиот внатрешен живот е празен и постојано тој се чувствува незадоволен и рамнодушен кон сè. Еден обичен ден, немајќи што да прави, оди во паркот каде се одржуваат трки на коњи. Таму, најпрвин вниманието му го привлекува една госпоѓа, а потоа случајно се судира со нејзиниот сопруг, кому му испаѓаат ливчињата за кладење. Баронот зема едно ливче и заработува пари, кои потоа ги вложува повторно при што заработува уште повеќе. Возбуден од настанот, тој оди во паркот каде гледа како се забавуваат сиромашните луѓе и тогаш сфаќа дека за првпат во него се буди вистинскиот живот. Тој останува во паркот до доцна во ноќта, кога ѝ се придружува на една сиромашна проститутка, која го вовлекува во стапица во која двајца разбојници сакаат да го ограбат. Сепак, баронот воопшто не се исплашува од нив, но сепак им дава пари. Потоа, остатокот од парите им ги поделува на случајните минувачи, а дел од парите фрла на улицата.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Štefan Cvjag, Fantastična noć - Amok. Beograd: Rad, 1963, стр. 5-67.