Фаина Мељник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Фаина Мељник
Faina Melnyk 1972.jpg
Мељник на Летните олимписки игри 1972
Лични податоци
Роден(а)9 јуни 1945(1945-06-09)
Бакота, Хмелничка област, Украинска ССР, СССР
Починал(а)16 декември 2016(2016-12-16) (воз. 71 г.)
Москва, Русија
Висина&100000000000000017400001.74 м
Тежина88 kg (194 lb)
Спорт
ЗемјаСССР СССР
СпортФрлање диск, фрлање ѓуле
КлубСеван Ереван (1969–73)
Спартак Москва (1976–80)
Успеси и титули
Лични рекордидиск – 70.50 метри (1976)
ѓуле– 20.03 метри (1976)

Фаина Григориевна Мељник (9 јуни 1945 – 16 декември 2016) — советска атлетичарка која се натпреварувала во дисциплините фрлање диск и фрлање ѓуле, освојувач на златен медал Летните олимписки игри 1972 во дисциплината фрлање диск. Во текот на својата кариера, таа поставила 11 светски рекорди.[1][2]

Кариера[уреди | уреди извор]

Мељник била еврејка, и била родена во Бакота, Хмелничка област, Украина.[2] На Летните олимписки игри 1972 во Минхен, таа три пати го соборувала олимпискиот рекорд во дисципината фрлање диск, и поставила светски рекорд од 66.62 метри. Во 1976 таа го остварила својот најдобар личен резултат од 70.50 метри, но завршила на четвртото место на Летните олимписки игри 1976. На истите Олимписки игри таа се натпреварувала и во дисциплината фрлање ѓуле и завршила на десеттото место. Таа не успеала да се квалификува во финалето во фрлањето диск на игрите во 1980 година.[1]

Мељник дипломирала на Московскиот медицинско-стоматолошки универзитет и подоцна работела како стоматолог и како атлетски тренер во Москва. Таа била тренер на Наталија Лисовскаја и Светлана Кривелјова. Мељник била венчана со Велко Велев, бугарски фрлач на диск кој исто така се натпреварувал на Летните олимписки игри во 1976 и 1980 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]