Фабио Воло

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фабио Воло
Fabio Volo
Роден/аФабио Бонети
23 јуни 1972(1972-06-23)(51 г.)
Калчинате, Италија
Занимањероманописец, актер, презентер, сценарист

Фабио Воло , (италијански: Fabio Volo), (23 јуни 1972, Калчинате) италијански романописец[1]. ( псевдоним) од Фабио Бонети , е италијански писател, актер, радио и телевизиски презентер и сценарист[2].

Кариера[уреди | уреди извор]

Фабио Бонети е роден во Калчинате, Италија, на 23 јуни 1972 година. Откако завршил средното училиште во 1996 година, станал водечка фигура во Радио Капитал, италијанска радио станица. Од 1998 година, станал водител и презентер на ТВ-програмата Ле Ине.

Во 2000 година, ја објавил својата прва книга под наслов „Излегувам на прошетка“. Потоа продолжил со следните наслови: „Тоа е живот што те чекав“, „Место во светот“, „Дополнителен ден“, „Времето што би сакал“, „Прво светло утро“ и „Патот до дома“.

Во 2002 година дебитирал како глумец во филмот „Касомаи“ на Алесандро Д'Алатри. Тој бил номиниран за Најдобар глумец во Давид ди Донатело за неговата улога во овој филм. Во 2010 година ја освоил литературната награда „ Ла Торе Елба“, награда за генијалност и извонредност[3].

Литературно творештво[уреди | уреди извор]

Неговите романи се продадени во над 5 милиони примероци само во Италија. До денес, тој има напишано 9 книги[4].

  • „Излегувам на прошетка“ (2001)
  • „Тоа е живот што те чекам“ (2003)
  • „Место во светот“ (2006)
  • „Дополнителниот ден“ (2007)
  • „Времето што би сакал“ (2009)
  • „Првите утрински светла“ (2011)
  • „Патот до дома“ (2013)
  • „Сиот живот“ (2015)
  • „Кога ќе започне сето тоа“ (2017)

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]