Устав на МПЦ - ОА
Изглед
Уставот на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија претставува црковно-правен акт со кој се утврдени статусот, внатрешното уредување, структурата на црковната власт (законодавната, извршната и судската) и дејностите. Уставниот статус на Македонската православна црква е автокефална, помесна православна црква со степен на Архиепископија, како продолжителка и верна наследничка на Охридската архиепископија. Има достоинство на Архиепископија, со Поглавар на Македонската православна црква со титула Архиепископ Охридски и Македонски. Ги определува симболите – грбот и знамето, службениот (македонски) јазик и неговото (кирилско) писмо и богослужбените јазици (црковнословенскиот и македонскиот јазик)[1].
- устави
- Првиот Устав бил донесен на Вториот црковно-народен собор во 1958 година;
- вториот, со одредени измени и дополнувања, на Вонредниот митрополитски црковно-народен собор од 21 до 22 декември 1961),
- третиот на Црковно-народниот собор одржан од 17 до 18 јули 1967,
- четвртиот на Соборот на 28 и 29 октомври 1974 година и
- последниот, петтиот на Архиепископскиот црковно-народен собор во Скопје од 31 октомври до 1 ноември 1994 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- Устав на Македонската православна црква, Скопје, 1995
- ↑ Катарџиев, Иван (1994). Македонската политичка емиграција по Втората светска војна. Архив на Македонија.