Универзитет за национална и светска економија
| Университет за национално и световно стопанство | |
| латински: Universitas de nationalibus et mundi oeconomia | |
| Гесло | „Духът прави силата“ („Духот ја создава моќта“) |
|---|---|
| Вид | државен |
| Основан | 1920 |
| Ректор | Димитар Димитров |
| Студенти | 21 430[1] |
| Место | Софија, Бугарија |
| Кампус | Урбан |
| Бои | Виолетова |
| unwe.bg | |

Универзитетот за национална и светска економија е најголемиот и најстариот економски универзитет во Бугарија. Наследник е на Слободниот универзитет за политички и економски науки, формиран во 1920 година [2] На универзитетот се изучуваат економски, правни, менаџерски, информациски и социјални специјалности - 45 во редовна форма, што го прави и најголемиот економски универзитет во Југоисточна Европа.
Универзитетот во својот состав вклучува 8 факултети, 3 институти и 14 центри.
Внесениот кредитен систем на универзитетот овозможува студентите од целиот свет да земаат наставни кредити од УНСС, и тие завршуваат со диплома од странски универзитети во одредени програми. Универзитетот издава Aлманах, годишник и зборник "Научни трудови", научно списание "Економски и социјални алтернативи" и весникот "Економист", а од 2009 година - "Весник на УНСС".