Убавица како мене (филм од 1972)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Убавица како мене“ (француски: Une belle fille comme moi) е француски филм од 1972 година, во режија на Франсоа Трифо. Главните улоги ги играат: Бернадет Лафонт, Клод Брасер, Чарлс Денер и Гај Марченд.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Станислас Превин е млад социолог кој работи на тезата за жените кои се занимаваат со криминал. Тој оди во еден затвор со цел да ја запознае и да ја интервјуира Камила Блис. Таа е обвинета дека ги убила својот љубовник Артур и сопругот Кловис. Така, таа му раскажува на Станислас за својот живот и за нејзините љубовни врски...[1]

Наводи[уреди | уреди извор]