Туѓинци во воз (филм од 1951)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Туѓинци во воз (англиски: Strangers on a Train) - американски филм од 1951 година, во режија на Алфред Хичкок. Главните улоги ги играат: Фарли Гренџер, Рут Роман, Роберт Вокер, Лео Г. Керол, Патриша Хичкок и Кејси Роџерс. Во 1952 година, филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во категоријата за најдобра кинематографија.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Гај Хејнс (го гра Гренџер) е млад тенисер кој е во врска со Ан Мортон (ја игра Роман), ќерката на сенаторот Мортон (го игра Керол). Истовремено, тој е во постапка на развод од неговата сопруга Миријам (ја игра Роџерс), која е бремена со друг човек. Еднаш, додека патува со воз, Гај се среќава со Бруно Ентони (го игра Вокер), синот на богат човек. Ентони знае сè за Гај и за неговите проблеми, па му го предложува својот план за совршено убиство: тој да ја убие Миријам, а Гај да го убие татко му. На тој начин, двајцата ќе имаат полза, а полицијата нема да ги открие, зашто тие би убиле сосема непознати луѓе. Набргу, Бруно ја дознава адресата на Миријам, ја следи и ја убива во луна-паркот, а потоа бара од Гај да го изврши убиството. Во меѓувреме, Гај е осомничен за убиството на Миријам поради што се наоѓа под надзор на полицијата. Но, Бруно е упорен и по пошта му го испраќа планот од куќата, клучот од собата на татко му и пиштол. Тој му се наметнува на Гај и по една забава во куќата на Ан, таа насетува дека Гај и Бруно делат заедничка тајна. Тогаш, Гај му кажува на Бруно дека е согласен да го убие татко му и оди во неговата куќа, но таму го пречекува Бруно, а Гај му соопштува дека нема намера да го изврши убиството. Поради тоа, Бруно планира да се врати на местото на злосторството и таму да ја остави запалката на Гај, со цел полицијата да го најде доказот и да го обвини Гај за убиството. Во меѓувреме, Гај учествува на тениски натпревар, но со помош на Ан и нејзината сестра успева да пристигне навреме во луна-паркот. Таму започнува борба меѓу Гај и Бруно, кој погинува во несреќен настан, а еден сведок го препознава Бруно, со што Гај е ослободен од обвинението.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]