Трајче Здравковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Трајче Здравковски
Роден 1923 година
Црешево, Скопско
Починал 12 април 1945 година
Шид, Србија

Трајче Здравковски ( 1923 во Црешево, Скопско12 април 1945 во Шид, Србија) — македонски партизан, учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е во сиромашно семејство. Основно училиште завршил во Црешево. Се занимавал со земјоделство.

Есента 1944 година во селата на Скопска Црна Гора навлегле силни балистички сили со цел да ги ограбуваат. Тогаш Трајче стапил во редовите на 16 македонска ударна бригада и во нејзин состав учествувал во борбите против тие банди, против кои се борел и подоцна кога Бригадата продолжила дефинитивно да ги уништува на Косово.

Учествувал и во борбите на Сремскиот фронт. На 12 април 1945 година при пробивот на истиот, тој храбро загинал крај Шид.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 64. На |first= му недостасува |last= (help)