Тојо Ито

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тојо Ито
Ито, на предавање во април 2009г.
Роден(а)1 јуни 1941(1941-06-01)(82 г.)
Сеул, Јапонска Кореја
НационалностЈапонец
НаградиПрицкерова награда (2013)
АтелјеToyo Ito & Associates (Тојо Ито и соработници)
Кула на Ветровите, Јокохама (1986)
Sendai Mediatheque, (2001)

Тојо Ито (伊東 豊雄, Itō Toyoo, born 1 June 1941) (伊東 豊雄 Ито Тојо?, роден на 1 јуни 1941) е јапонски архитект познат по создавање концептуална архитектура, во која тој тежнее истовремено да ги изразува физичките и виртуелните светови. Тој е водечки претставник на архитектура која се занимава со современата претстава на „симулиран“ град и бил наречен „еден од најиновативните и највлијателни архитекти во светот“ [1]

Во 2013 година му била доделена Прицкеровата награда, една од најпрестижните архитектонски награди,[2] за која бил фаворит и претходните 10 години. 

Рани години и образование[уреди | уреди извор]

Ито е роден во Сеул, Кореја, од родители Јапонци, на 1 јуни 1941 година. Во 1943 година се преселил во Јапонија со својата мајка и две сестри со кои живее до средината училишна возраст во руралната Shimosuwa, Префектурата Нагано. Ито се школувал во Средно Училиште Хибуја во централно Токио и дипломирал на Универзитетот на Токио, на одделот за архитектура во 1965 година.[3]

Кариера[уреди | уреди извор]

По работењето за „Кијонори Кикутаке архитект и соработници“ од 1965 до 1969 година (заедно Ицуко Хасегава), во 1971 година, тој основа свое студио во Токио, наречено Urbot („Урбан Робот“). Во 1979 година студиото било преименувано во Toyo Ito & Associates („Тојо Ито и соработници“).

Во текот на неговата рана кариера Ито проектирал бројни приватни куќи кои биле одраз на урбаниот живот во Јапонија. Неговите најзначајни рани концептуални придонеси се преку проекти од овој размер, како што се Белата U (1976) и Сребрена Колиба (1984).

Со проектите Пао за токиската номадка од 1985 и 1989 година, Ито презентира своја визија за животот на еден урбан номад, како одговор на типичниот животен стил за време на засилениот економски раст на Јапонија.[4]

Кула на Ветровите (1986) и Јајце на Ветровите (1991) се интерактивни знаменитости во јавни простори кои произлегуваат од креативната интерпретација на современите технички можности. Иако нивната функција е, всушност, вентилациони оџаци за подземниот систем под нив, нивното значење лежи во третманот на нивната транспарентност, што е всушност и еден од препознатливите белези на неговата работа. Додека во текот на денот изгледаат полни, структурите од перфориран алуминиум преку ноќ стануваат „порозни“ преку употреба на компјутерски контролирани светлосни системи кои формираат интерактивен екран кој прикажува мерни податоци, како ниво на бучава во нивната близина.

Студиото на Тојо Ито е познато и како расадник на млади талентирани архитекти. Меѓу архитектите кои претходно работеле во неговото студио се и Казујо Сеџима и Рјуе Нишизава (САНАА).

Критички поглед[уреди | уреди извор]

За работата на Тојо Ито често се вели дека има поврзаност со филозофските учења на филозофи како Мунесуке Мита и Жил Делез.

Ито ја има дефинирано архитектурата како „облека“ за урбаните жители, особено во современата јапонскa метропола. Оваа тема се врти околу рамнотежата помеѓу приватниот и градскиот живот, „јавниот“ животот на поединецот.

Тековната архитектура на Ито се надоврзува на неговата работа од посмодерна период, ревносно истражувајќи ги потенцијалите на новите форми. Притоа, тој се обидува да најде нови просторни услови што ја манифестира филозофијата на бескрајните суштества.

Галерија на дела[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Toyo Ito, interview“. Designboom. Посетено на 18 November 2009.
  2. Francescani, Chris (17 March 2013). „Japanese architect Toyo Ito awarded 2013 Pritzker prize“. Reuters. Архивирано од изворникот на 2013-09-27. Посетено на 17 March 2013.
  3. „Toyo Ito - Biography“. Pritzker Architecture Prize. Посетено на 18 March 2013.
  4. Idenburg, Florian. Relations in the architecture of Kazuyo Sejima + Ryue Nishizawa. Посетено на 18 March 2013.