Прејди на содржината

Томе Петровски-Железарчето

Од Википедија — слободната енциклопедија
Томе Петровски-Железарчето
Роден 1913
Битола, Македонија
Починал 7 април 1942
Битола, Македонија
Националност Македонец

Томе Петровски-Железарчето (Битола, 1913 - Битола, 7 април 1943)[1] — железар од Битола кој активно ја помагал НОВ од 1941 година.

Животопис

[уреди | уреди извор]
Во заднина на споменикот е ѕидот со спомен-плочи

Томе Петровски популарно викан Железарчето е роден 1913 година во Битола. По завршувањето на основното училиште, Томе работел како железар. Уште како младинец пред војната, Томе ги беше прифатил напредните идеи кои тогаш биле ширени во Битола. За време на окупацијата Томе Железарчето активно ја помагал НОБ заради што полицијата го уапсила и го затворила. Во затворот тој бил страшно мачен и злоставуван. По долгите измачувања на 7 април 1943 година бил убиен во затворот. За да го прикрие злосторството полицијата го фрлила телото на мртвиот Томе низ прозорецот на истражниот затвор сакајќи истото да го прикаже убиството како самоубиство.[1]

Спомен-плоча со неговото име стои на ѕидот со спомен-плочи во Споменикот на политичките затвореници во Битола.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-09-11. Посетено на 9 август 2023.