Прејди на содржината

Тодор Митров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тодор Митров
Роден 17 февруари 1926
Миравци, Кралство СХС
Националност Македонец
Народност Македонец
Занимање градежен инженер
професор

Тодор Митров (роден на 17 февруари 1926 година во Миравци) — македонски градежен инженер и редовен професор на Градежниот факултет – Скопје.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Митров се вработил на Градежниот факултет – Скопје во 1956 година, како асистент, а потоа како доцент, вонреден и редовен професор држел настава по предметите Хидрогеологија, Инженерска геологија и Механика на почви и карпи, сè до неговото пензионирање во 1988 година. Бил проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Покрај педагошката активност, неговата научна дејност била насочена во остварување на голем број научно-истражувачки проекти од областа на хидрогеологијата, геотермијата и инженерската геологија, а резултатите ги претставувал на конгреси, симпозиуми и ги објавувал.

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Митров“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 968. Text "series " ignored (help)