Тихувај

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Тихувај“ - музички албум на македонската група Чалгија саунд систем. Албумот е објавен во 2019 година од издавачката куќа „Профундус

Содржина[уреди | уреди извор]

Албумот содржи девет песни:[1]

  • Двете сестри
  • Спомен
  • Елегична
  • Солза
  • Оди си
  • Патот
  • Калуѓерице
  • Тихувај
  • Бесконечна

Технички одлики[уреди | уреди извор]

Албумот е снимен и миксуван во студиото „Профундус“, а снимањето, миксот и мастерингот ги направил Дориан Јовановиќ, кој е продуцент на албумот. На албумот настапуваат членовите на групата: Добрила Грашеска (вокал и стихови), Александра Кузман (виолина), Бошко Мангаровски (канон), Дориан Јовановиќ (уд, бас и електроника) и Филип Крстевски (деф, тарабука и други ударалки). Покрај нив, на албумот гостуваат и членовите на музичкиот состав Вива стрингс: Дејан Тедосиевски (виолончело), Дубравка Зајкова (виола), Димитар Михајловски (виолина), Елена Талевска (виолина) и Ада Јовановиќ Дума (вокал). Фотографијата на внатрешната страница ја направил Гоце Наневски, а дизајнот на обвивката е Ладислав Цветковски. Објавувањето на албумот било финансиски помогнато од Министерството за култура.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Чалгија саунд систем, Тихувај, PFCD 0110, 2019.