Канон (музички инструмент)
Оваа статија бара повеќе извори за проверливост. Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Tипичен турски канун | |
Класификација | |
---|---|
Сродни инструменти | |
Канон или канун (персиски: قانون qānūn ; грчки: κανονάκι, множина κανονάκια; ерменски: քանոն k’anon; арапски: قانون qānūn, множина قوانين qawānīn; азерски и турски: kanun; qanún или kanun) — жичен инструмент, еден вид псалтер[1], со правилен трапезоиден корпус. Најчесто се изработува од јаворово дрво. Трапезоидниот корпус на канонот е затворен со штичка од смрека и козја кожа. Над козјата кожа е поставен потпирач (магаренце) за жиците, потпрен на четири места. Над кожата е смрековата штичка, како покривачи на корпусот, се затегнуваат од 24 до 27 црвени жици, групирани по три и штимувани унисон. Звукот се произведува со удирање по жиците со метални напрстоци во кои се вденати целулоидни плекрони, углавени на прстите на левата и десната рака. Секоја октава кај Арапите се именува со зборот „дар“. Дијапазонот на инструментот варира меѓу две и три октави. Канонот е виртуозен инструмент и како таков го среќаваме и како солистички инструмент. Како ансамблов инструмент го среќаваме во чалгиските ансамбли.
Во Македонија
[уреди | уреди извор]Канонот е пренесен во Македонија од турските патувачки чалгаџиски групи. Во Македонија се користи арапскиот канон.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ http://www.mousikoergastiri.gr/kan-san.htm Архивирано на 17 април 2012 г. The kanonaki in Greece