Прејди на содржината

Уд (македонски)

Непроверена
Од Википедија — слободната енциклопедија

Удинструмент со жици од персиско-арапско потекло. Има мешлесто-крушковидно тело. Кај некои од нив вратот е подолг, а кај некои е пократок. Над вратот има глава со чивии на кои се затегнуваат жиците. Бројот на жици е различен и се движи од 8 до 12. Звукот се произведува кога со десната рака и со помош на трзалица (перце) се свири по жиците. Со притискање на жиците со прстите од левата рака се добиваат тонови различни по висина. Во инструменталната практика, удот најчесто се среќава како ансамблов инструмент, во состав на чалгиите. Понекогаш се користи и како солистички инструмент.