Титикака
Титикака Titicaca | |
---|---|
![]() Поглед од боливиска страна. | |
Координати | |
Вид | планинско езеро |
Главни приливи | 27 реки |
Главни истеци | Десагвадеро Испарување |
Слив | 58,000 км2 |
Сливни земји | Перу Боливија |
Најг. должина | 190 км |
Најг. ширина | 80 км |
Површина | 8,372 км2 |
Прос. длабочина | 107 м |
Најг. длабочина | 284 м |
Зафатнина | 893 км3 |
Брег | 1.125 км |
Надм. височина | 3.812 м |
Острови | 42+ острови |
Населени места | Пуно, Перу Копакабана, Боливија |
1 Бреговата должина не е добро определена мерка. |
Титикака (шпански: Lago Titicaca, кечуански: Titiqaqa Qucha) — најголемото езеро во Јужна Америка и се наоѓа на западниот дел од континентот. Тоа е воедно и највисокото езеро во светот (се наоѓа на 3.810 метри надморска височина). Долго е 196, а широко 56 километри во просек и се протега од југоисточниот дел на Перу па сè до западна Боливија. Површината изнесува 8.300 км, а најдлабоката точка се наоѓа на 280 метри под површината. Вкупно 25 реки со површина од околу 58.000 км се вливаат во езерото Титикака кај областа Алтиплано. На јужната страна од Титикака се наоѓа единствениот одлив од езерото - Desaquadero. Поради испарувања езерото губи 95% од влеаната вода. Титикака има 41 остров, од кои многумина се населени, а најголемиот остров е Титикака (Isla de Titicaca). Во околината на езерото може и ден денес да се најдат остатоци од градби од кои некои потекнуваат од времето на Инките. Располага со многу видови риби, а околината на бреговите се користи главно за земјоделство.
Поврзано[уреди | уреди извор]
![]() |
Оваа статија за поврзани со Перу е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|