Тиела

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тиела во стил на сендвич.

Тиела е јадење од италијанската кујна што се подготвува со компир, ориз, кромид и школки како основни состојки. Може да се користат и дополнителни состојки. Постојат варијации на ова јадење, а некои од нив можат да се подготват со други видови морска храна. Кружниот земјен сад во кој традиционално се готви тиела го носи истото име, „тиела“. Тиела е дел од кујната на Апулија во јужна Италија. Може да се најде и на крајбрежните области на Калабрија.[1]

Во Гаета, Лацио, Италија, тиела е специјалитет од регионот кој се подготвува како џебен сендвич, со користење морска храна, како октопод, кој е полнет во торта.[1] Некои други италијански јадења, исто така познати како „тиела“ вклучуваат касерола и чорба.

Потекло[уреди | уреди извор]

Во Италија, јадењето било создадено за време на шпанското владеење во јужна Италија, и го опишуваат дека „потсетува на шпанското владеење“.[2] Вејверли Рут ја опишал тиелата како „едно од ретките шпански јадења кои биле внесени во италијанскиот репертоар“ и сметал дека е далечно поврзано со паељата.[1][3] Компирите влегле во италијанската кујна во текот на 16 век, време на моќното шпанско влијание на полуостровот.

Тиела со компир, ориз, кромид и школки[уреди | уреди извор]

Состојки и подготовка[уреди | уреди извор]

Примарни состојки кои се користат во ова јадење се компир, ориз, кромид и школки.[4] Дополнителни состојки кои се користат при неговата подготовка може да бидат домат, артичок, тиквички, лук, бело вино, целер, магдонос, лебни трошки и сирење, како што е Пекорино.[4] Обично се пече во рерна и е опишано како слично по изглед на паеља.[2] Некои верзии ја испуштаат употребата на ориз.[4] Школките „традиционално се служат на половина школка“ и може да се варат на пареа пред да се додадат во садот за печење.[4]

Тиела е опишана како „срдечно јадење“, типично за регионалното готвење во Апулија.[5] Таму може да се користи свеж зеленчук од овој регион за подготовка на тиела.[5] Апулиската тиела обично вклучува значителна количина компири.[2] Тиела исто така е опишана како касерола.[1]

Јадењето може да се готви во глазура на теракота или земјена керамичка тркалезна чинија која се нарекува и „тиела“.[1][4][6] Современите препарати може да се готват во метални тави.[6]

Варијации[уреди | уреди извор]

Апулските верзии на јадењето може да користат ориз и компир, заедно со бело вино за да ги варат школките на пареа, пекорино сирење, лебни трошки и магдонос.[4]

Некои верзии може да се подготват и со други видови морска храна, како што се сардини.[7]

Други видови[уреди | уреди извор]

Италијанските јадења, исто така познати како тиела, вклучуваат касерола од компири од Абрузан и модар патлиџан[1] и апулиска чорба по име Тиела ди Агнело која се подготвува со јагнешко месо, компир и кромид.[1][6] И двете јадења можат да се готват и во земјена чинија тиела.[1] Тиела ди Агнело обично се подготвува со ставање на сите сурови состојки во садот со тиела во слоеви, што резултира со тоа горниот слој да биде крцкав, додека долниот слој е мек и има течности што се таложат.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Andrews 2012.
  2. 2,0 2,1 2,2 Domenico 2002.
  3. Root 1992.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Goldstein 2001.
  5. 5,0 5,1 „Italy Italy“. 12 (5). Italy-Italy Corporation. 1994: 39. Наводот journal бара |journal= (help)
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 Scicolone 2011.
  7. Script Edizioni 2011.

Извори[уреди | уреди извор]