Тест со метил црвено
Тестот со метил црвено служи за одредување на бактерии кои произведуваат повеќе типови на киселини при ферментацијата на гликоза (мешан тип на ферментација). Овој тест е дел од IMViC сериите.
Опис
[уреди | уреди извор]Многу грамнегативни бактерии од системот за варење можат да се разликуваат по производите од ферментирањето на гликозата во MR-VP медиум. Escherichia, Salmonella и Proteus ја ферментираат гликозата до млечна, оцетна, сукцинична и мравска киселина, како и CO2, H2 и етанол. Големите количини на киселини го надминуваат пуферскиот капацитет на системот, па ја намалуваат pH вредноста на медиумот. Метил црвено е pH индикатор кој поцрвенува кога се додава на медиумот каде има мешано-киселински ферментативни бактерии. Обично црвената боја се одржува при pH од 4,4 и помалку.
Постапка
[уреди | уреди извор]Бактеријата која ќе се испитува се засејува во гликозо-фосфатен бујон кој содржи гликоза и фосфатен пуфер и се инкубира на 37° С за време од 48 часа. За време на тие 48 часа организмот кој врши мешана ферментација мора да произведе доволно киселина за да го надвладее фосфатниот пуфер и средината да стане кисела. pH на медиумот се тестира со додавање на пет капки од метилен црвено реагенс. Развитокот на црвен слој на врвот од бујонот се смета за позитивен тест. МЦ негативните организми даваат жолта боја.
Escherichia coli е МЦ позитивна, додека Klebsiella pneumoniae е МЦ негативна бактерија.