Тепсија
Тепсија[1][2] или чаркија[3][4] — плиток кујнски сад за печење храна, најчесто од метал. Со округла форма, најчесто во пречник има околу 40 см, но се изработува и во други димензии. Висината е обично околу 5 см. Исто така може да биде и со правоаголна форма.
Во тепсии најчесто се пече: месо, бурек, пита... Тепсијата најчесто се користи за печење во рерна и шпорет.
Отоманска Македонија
[уреди | уреди извор]Во Отоманска Македонија и постотоманскиот период, тепсијата била една од најчесто застапените кујнски прибори. Постеле повеќе видови тепсии, главно во зависност од употребата на предметот. „Баклаварка“ е неформално име на тепсија која се користела исклучиво за печење баклава. Таа по форма е тркалезна, плитка и направена од едно парче бакар, Има венец подаден нанадвор и завршува со сосема мал раб свиткан нагоре. Внатрешната страна од тепсијата на најширокиот дел, под самиот венец, е украсена со мотиви, но мотивот може и да недостасува во зависност од изработувачот. [5]-
Тркалезната тепсија за печење пита е со рамно дно, со повисок перваз, чиј раб е зајакнат и свртен нанадвор. Од внатрешната страна первазот е украсен со прави и со коси рецки. Внатрешноста на синијата, покрај работ од первазот, често била украсена со венец од мотивот „рибина коска“, а на неговата долна и горна страна се наоѓа венец од точки. Овој вид орнаментика е застапен кај многу садови за секојдневна употреба во градската и во селската покуќнина во Македонија.[5]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „тепсија“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „тепсија“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „чаркија“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „чаркија“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ 5,0 5,1 „Бакарни садови во Македонија од османлискиот период“, Елизабета Конеска, стр. 662, Музеј на Македонија, Скопје, 2000 г.