Лонец

Од Википедија — слободната енциклопедија

Лонец[1][2] — валчест метален кујнски сад наменет за готвење храна. За разлика од тенџерето, лонецот е има поголема висина од пречникот на дното на лонецот. Садот е наменет за готвење поголема количина на течност (храна) во однос на тенџерето. Често се користи за загревање вода за кујнски цели.

Садот може да биде со или без капак.

Лонците се направени од специјални материјали, порано биле во боја (емајлирани), додека денес најчесто се направени од висококвалитетен не’рѓосувачки челик.

Експрес лонец[уреди | уреди извор]

Експрес лонец

Експрес лонецот е лонец на кое капакот е прицврстен со завртки и во него храната се готви под притисок. Овој лонец има и сигурносен вентил за спречување на прекумерен притисок. Бидејќи храната се готви под притисок, храната се готви побрзо, а храната има поинаков вкус бидејќи хранливите материи се зачувани во храната.

Принципот на работа на експрес лонецот бил откриен од Дени Папен (Denis Papin), француски физичар, во 1679 година. Затоа експрес лонецот се нарекува и Папенов лонец или парен лонец (поради готвењето на пареа).

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]