Телеком Србија
![]() | |
Матично име | Телеком Србија/Telekom Srbija |
---|---|
Вид | акционерско друштво |
Дејност | телекомуникации |
Основано | 23 мај 1997 |
Седиште | Таковска 2, Белград , Србија |
Опслужувани подрачја | Србија Црна Гора Босна и Херцеговина Косово[б 1] Австрија |
Клучни личности | Предраг Ќулибрк (Главен извршен директор) |
Производи | фиксна телефонија мобилна телефонија интернет пристап ИТ услуги ИПТВ |
Доход | ▲ 1,013 милијарди € (2017)[1] |
Нето-доход | ▲ 124,39 милиони € (2017)[1] |
Вкупно актива | ▲ 2,191 милијарди € (2017)[2] |
Вк. капитал | ▲ 1,405 милијарди € (2017)[2] |
Вработени | 12.032 (2017) |
Подружници | Телус Мтел Монтенегро Телеком Српске TS:Net B.V. Netherlands HD-WIN d.o.o. Mts banka a.d. Mts d.o.o. Kosovo GO4YU d.o.o. Mts AntenaTV d.o.o. |
Мреж. место | mts.rs |
Белешки / наводи Business ID: 17162543 Tax ID: 100002887[3] |
Телеком Србија со седиште во Белград, е основана како акционерско друштво во јуни 1997 година.
Сопственост[уреди | уреди извор]
Во директната продажба од 1997 година, 49% од акционерскиот капитал била приватизирана во износ од 1.568 милијарди марки, 29% на италијанскиот СТЕТ и 20% на грчкиот ОТЕ.
Во 2002 година, италијанскиот партнер го повлекол и го продал својот удел во српскиот телеком, па денес националното учество е 80%. ЈП за ПТТ сообраќај Србија, односно Република Србија како основач, сопственик е на 80% акции по откупувањето на италијанскиот дел во 2003 и задржува „златна акција“, врз основа на која има право на вето на сите важни стратешки одлуки на Управниот одбор. Управниот одбор се состои од претставници на двајцата акционери, а бројот на членовите е пропорционален на учеството во капиталот. Телеком Србија има 11.000 вработени.
Законски тела[уреди | уреди извор]
- Собрание на акционери
- Одбор на директори
- Извршен комитет
- Надзорен одбор
- Генерален директор
Бизнис[уреди | уреди извор]
- сите видови фиксни телекомуникациски услуги во границите и надвор од границите на Република Србија,
- други фиксни говорни услуги,
- услуги за пренос на податоци,
- телематски услуги,
- услуги со додадена вредност,
- ДМИУ услуги,
- интелигентни мрежни услуги,
- фиксни сателитски услуги,
- фиксни услуги за користење на DECT стандарди,
- интернет услуги,
- мултимедијални услуги
- услуги за мобилна телефонија
- изградба на објекти за врски
- одржување и поправка на телекомуникациски објекти, постројки и мрежи
- услуги на телефонски именик
Интернет магистрала[уреди | уреди извор]
Интернет магистрала - мрежа за обезбедување на стандардни интернет услуги. Мрежата е поврзана со странски семрежни услужници: C & W-USA и SEA-BONE-Italy.
Број на поврзани директни корисници во трговијата на големо: 667
Податоци за фиксната телефонија[уреди | уреди извор]
- 3.031.779 претплатници[4]
- 99,69% степен на дигитализација на фиксната мрежа[4]
- Податоци за 2013 година.
Податоци за мобилната телефонија[уреди | уреди извор]
Мобилната мрежа на Телеком Србија е основана на 9 јуни 1997 година. Оваа мрежа се нарекува Мобилна телефонија на Србија (МТС).
Податоците се од април 2007 година
- Вкупен број на корисници .... 4.474.935
- Претплата (припејд) ....... 3.771.905
- Сметка(постпејд) ............ 703.030
Белешки и наводи[уреди | уреди извор]
- Белешки
- ↑ Косово е предмет на територијален спор помеѓу Република Србија и Република Косово. Како странски протекторат, Косово прогласило независност на 17 февруари 2008 г, но Србија и понатаму не го признава и тврди дека е нејзина суверена територија. Независноста на Косово не е целосно признаена од меѓународната заедница. Досега го признале 113 од вкупно 193 земји членки на ООН.
- ↑ 1,0 1,1 „КОНСОЛИДОВАНИ БИЛАНС УСПЕХА (2017) - Telekom Srbija a.d.“. apr.gov.rs (српски).[мртва врска]
- ↑ 2,0 2,1 „КОНСОЛИДОВАНИ БИЛАНС СТАЊА (2017) - Telekom Srbija a.d.“. apr.gov.rs (српски). Посетено на 15 септември 2018.[мртва врска]
- ↑ „Основни подаци о привредном друштву“. apr.gov.rs (српски). Serbian Business Registers Agency. Посетено на 28 февруари 2018.[мртва врска]
- ↑ 4,0 4,1 Beta, Novinska Agencija. „Problemi u prenosivosti brojeva u fiksnoj telefoniji“ (српски). Архивирано од изворникот на 2018-04-14. Посетено на 2018-07-05.