Прејди на содржината

Тарол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бразилски тарол

Тарол (португ. tarol, a се среќава и под називот caixa) е удирачки инструмент од групата на мембранофоните инструменти. Потекнува од Бразил и се користи при изведба на самба, како и во португалските[1] воените оркестри.

Таролот претставува еден вид мал тапан, направен од плиток метален цилиндар на кој од двете страни се растегнати природни или, почесто, вештачки кожи, при што горната се нарекува „повикувачка“ („the calling skin“), а долната – „одговарачка“ („the answer skin“). На дното на таролот е поставена мрежа од четири жици за бас-гитара. Инструментот се носи на рамото и на него се свири со две дрвени палки.

Во бразилските удирачки оркестри (bateria) таролот ја исполнува функцијата на кастањетите во шпанската музика — го определува ритамот на мелодијата и има придружна улога кај сурдото.