Тамблер

Од Википедија — слободната енциклопедија

Тамблер (Tumblr) е блог платформа која им овозможува на корисниците да објавуваат текстови, слики, видео записи, линкови и цитати на своите тамблогови. Корисниците можат да „следат“ тамблогови на другите корисници, исто така и да ја видат нивната содржина на својата контролна табла.

Функции[уреди | уреди извор]

Тамблер става акцент на леснотија на користењето. Потребно е само 30 секунди за да се пријавите. Корисниците „следат“ останати тамблогови, и слично како на Твитер, новостите се појавуваат на контролна табла. Интерфејс е такoв да корисниците можат да „сакат“ или повторно да објават нечиј пост на својот тамблог. Останатите тамблогови кои корисникот ги одржува се наоѓат од десната страна на интерфејсот, заедно со статистиката како и со тамблеритиј.

Историја[уреди | уреди извор]

Дејвид Карп го основал Тамблер во 2007 година со помош на главниот програмер Марк Армент. Не долго по основањето 75.000 постоечки микроблогери преминале на оваа платформа, и од тогаш Тамблер добил повеќе од 800.000 нови корисници кои одржуваат повеќе од милион тамблогови. Некои од најпознатите корисници на Тамблер се Џон Леџенд и Лејди Гага.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]