Тако

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тако
001 Tacos de carnitas, carne asada y al pastor.jpg
Три варијанти на тако
Видјадење со раце (без прибор)
Место на потеклоМексико
Главни состојкитортилја, месо, зеленчук, сирење

Тако — традиционално мексиканско јадење кое се состои од тортилја, направена од пченкарно или пченично брашно, наполнета со фил или обмотана околу филот. Такото главно се јаде со голи раце. Такото може да се направи со различни филови, вклучувајќи говедско, свинско, пилешко, морска храна, зеленчук и кашкавал, овозможувајќи голема разновидност. Тие често се гарнираат со разни мирудии, како што е салса, гвакамоле или кисела павлака и зеленчук, како и зелена салата, кромид, домати и чили. Такоата се заедничка форма на антиохито, или мексиканска улична храна, кои се шират низ целиот свет.

Такото може да се спореди со слична храна, како што е буритото, кои често се многу поголеми и свиткани наместо преклопени, такоата кои се свиткани и пржени, или халупи/тост, во кои тортилјата се пржи пред да биде наполнета.