Тадеуш Кантор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тадеуш Кантор
Тадеуш Кантор
Роден(а)6 април 1915(1915-04-06)
Виелополе Скрзинские, Австроунгарија
Починал(а)8 декември 1990(1990-12-08) (возр. 75)
Краков, Полска
НационалностPolish
Занимањетеатарски режисер, глумец
Значајни дела Мртвиот клас

Тадеуш Кантор (6 април 1915 - 8 декември 1990) беше Полски сликар, режисер и сценограф. Кантор е познат по своите револуционерни театарски претстави во Полска и во странство. Лауреат на Награда на критичкиот круг (1989)[1].

Живот и кариера[уреди | уреди извор]

Кантор бил дете на Маријан Кантор-Мирски и Хелена Бергер. Неговото семејство беше со католичка вера. Неговата мајка била поврзана со композиторот и диригентот Кшиштоф Пендерецки, преку нејзиниот татко Германец. Роден во Виелополе Скрзинские, Галиција (тогаш во Австроунгарија, сега во Полска).

Кантор дипломирал на Академијата во Краков во 1939 година. Тој го основал Независниот театар и бил како професор на Академијата за ликовни уметности во Краков, како и директор на експериментален театар во Краков од 1942 до 1944. По војната, тој станал познат по својата авангардна работа во театарската сценографија- Свети Јован (1956) и Мерка за мерка (1956). Создавал впечатливи промени во театарскиот израз воопшто.

Во 1955 година, со група визуелни уметници разочарани од зголемената институционализација на авангардата, тој формирал нов театарски ансамбл наречен Cricot 2. Во 1960 -тите, Cricot 2 имаше настапи во многу театри во Полска и во странство, добивајќи признание за нивните сценски „иновации“. Неговиот интерес главно се однесувал на апсурдист и полскиот драмски писател Станислав Виткеевич (познат и како „Витчество“). Сценските продукции според драмите на Виткеевич „Сува риба“ (1956) и „Водена кокошка“ (1969) се сметале за негови најдобри достигнувања во тоа време. Изведбата на „Водена кокошка“ од 1972 година ббилае опишана како „настан со најмалку публика, најзборуван на Фестивалот во Единбург“.

Тадеуш Кантор, комеморативна биста од Корнел Арчишевски
Тадеуш Кантор, Канторова столица , бетонска скулптура, висина 14 м. Хучиско, Полска

Мртвиот клас (1975) и ден денес е најпознатиот од неговите театарски остварувања од 1970 -тите. ТВ-филм на продукцијата е снимен во 1977 година, во режија на Анджеј Вајда. Во таа претстава, самиот Кантор ја играше улогата на наставник кој во клас со мртви ликови. Тој започнал да експериментира со спојување на манекенки и глумци во живо во 1950 -тите.

Неговите подоцнежни дела од 1980 -тите бле многу лични рефлексии. Како и во „Мртвиот клас“, тој понекогаш се претставуваше на сцената. Во 1990 -тите, неговите дела станаа добро познати во Соединетите Американски Држави поради презентациите во Елен Стјуарт Експериментален театарски клуб Ла Мама.

Во текот на својот живот, Кантор имаше интересна и единствена врска со еврејската култура; и покрај тоа што беше номинален католички верник.Кантор внесе многу елементи од она што беше познато како „еврејски театар“ во неговите дела.

Режисерскиот и сценографскиот концепт кај Кантор ќе биде една од главните насоки во современиот светски театар[2].

Кантор почина во Краков.

Новиот Центар за документација на уметноста на Тадеуш Кантор, беше отворен во Краков во 2014 година.

Главни негови напишани театарски манифести е[уреди | уреди извор]

  • Автономниот театар (1963)
  • Театар што се случува: Театарот на настаните (1967)
  • Неформалниот театар (1969)
  • Нулта театар (1969)
  • Театарот на смртта (1975)

Продукции со Cricot 2[уреди | уреди извор]

  • Сипа (1956)
  • "Селска куќа" (1961)
  • "Лудиот и калуѓерката" (1963)
  • Водна кокошка (1965)
  • Убави форми и влакнести мајмуни, или зелена пилула (1972)
  • Мртвиот клас (1975)
  • Wielopole, Wielopole (1981)
  • Нека умрат уметниците (1985)
  • Машина за љубов и смрт (1987)
  • Никогаш нема да се вратам (1989)
  • Денес е мојот роденден (1990)[3].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Tadeusz Kantor: the Polish art and theatre pioneer who resurrected the dead and brought objects to life
  2. About Tadeusz Kantor
  3. „Tadeusz Kantor“. Архивирано од изворникот на 2021-09-27. Посетено на 2021-09-26.

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Kobialka, Michal, ed and trans. "A Journey Through Other Spaces: Essays and Manifestos, 1944–1990." Publisher: University of California Press, 1993. ISBN 0-520-08423-3
  • Kobialka, Michal, Author, ed and trans. "Further on, Nothing: Tadeusz Kantor's Theatre." Publisher: University of Minnesota Press, 2009. ISBN 978-0-8166-5481-9
  • Wilson, Edwin. Goldfarb, Alvin. Living Theatre: A History. Publisher: McGraw-Hill, 4th edition. August 5, 2003. ISBN 0-07-256257-9
  • Krzysztof Pleśniarowicz, Kantor. Artysta końca wieku, Wrocław 1997.
  • Pleśniarowicz, Krzysztof, Author, Brand, William trans. "The Dead Memory Machine. Tadeusz Kantor's Theatre of Death", Publisher: Black Mountain Press. Centre for Performance Research, Aberystwyth, 2004 ISBN 1-902867-04-1

Надворешни врскиs[уреди | уреди извор]