Сцени од животот на Дева Марија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фреската.

Сцени од животот на Дева Марија (италијански: Le Storie della Vergine) ― циклус на фрески од Филипо Липи во Сполетската катедрала.

Историја[уреди | уреди извор]

Циклусот бил нарачан во 1466 година, кога Липи ги завршил своите Приказни за Свети Стефан и Свети Јован Крстител во Пратската катедрала, и ненадејно бил прекинат со смртта на Липи во 1469 година, предизвикана од отров според Животите на најизвонредните сликари, вајари и архитекти на Вазари. Неговите помошници во студиото го завршиле делото за околу три месеци. Липи бил погребан во Сполетската катедрала и покрај барањето на Лоренцо Величествениот посмртните останки да бидат вратени во Фиренца, од градот Сполето одговориле дека за разлика од Фиренца, нивната голема нова катедрала немала погребани славни луѓе во неа.

Сцени[уреди | уреди извор]

Од лево кон десно циклусот покажува:

  • Благовештение
  • Успение (во средината, надвор од хронолошката секвенца, веројатно на барање на нарачателот поради посветеноста на катедралата на Успението[1])
  • Рождество Христово
  • Крунисување на Богородица (високо на полукуполната апсида)

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (италијански) Maria Pia Mannini, Marco Fagioli. Filippo Lippi. Catalogo completo. Firenze 1997. ISBN 88-8030-016-4

Предлошка:Филипо Липи