Сфинга на гневот
Автор | Жарко Кујунџиски |
---|---|
Земја | ![]() |
Јазик | ![]() |
Жанр | роман |
Издавач | Просветно дело |
Издадена | 2021 |
Медиум | печатено издание |
Страници | 304 |
Сфинга на гневот — роман на македонскиот писател, прозаист и драмски автор Жарко Кујунџиски, објавена во 2021 година.
За книгата
[уреди | уреди извор]Кога уредникот на издавачката куќа „Веда“ дознава дека еден познат писател е пријавен како исчезнат, тргнува да ја открие вистината. Потрагата во која ризикува сè ќе го соочи со загатки во кои се испреплетени историјата, митологијата, психологијата и општествените случувања. Лазар смета дека ако ги дешифрира тајните пораки што ги открива, ќе ја оствари одамна посакуваната цел: да се добере до необјавениот ракопис на исчезнатиот писател.
Движејќи се меѓу границите на мистеријата и книжевниот трилер, Жарко Кујунџиски (Spectator, Америка) создава интригантен и вешто смислен роман, жанровски и стилски палимпсест, со кој пристапува во досега неистражени предели на нашата проза[1].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Сфинга на гневот“. kupikniga.mk. Посетено на 9 јули 2023.[мртва врска]