Судска зграда Битола

Од Википедија — слободната енциклопедија
Судска зграда Битола
Судската зграда во Битола
Поранешни називиСудска палата Битола
Општи податоци
СтатусВо употреба
ВидДвокатна зграда со приземје
СтилМодернизам
МестоБитола
АдресаБулевар „1-ви Мај“ бр. 63
ГрадБитола, Општина Битола
ЗемјаМакедонија
Координати41°1′55.05″N 21°19′47.47″E / 41.0319583° СГШ; 21.3298528° ИГД / 41.0319583; 21.3298528
Сегашни станариАпелационен суд Битола
Завршена1958
Отворена1958
ПоседникРепублика Македонија
Технички податоци
Катови2
Проектирање и изградба
АрхитектБорис Чипан

Судска зграда Битола — градба од 1958 година наменета за судот во Битола, дело на архитектот Борис Чипан. Денес во неа е сместен Апелациониот суд Битола.[1]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Судската зграда се наоѓа во средиштето на градот, на левиот брег на реката Драгор, веднаш до општинската зграда, на Булеварот „1-ви Мај“ бр. 63.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Градбата е изведена под името Судска палата во Битола во 1958 година, по барање на Државниот секретаријат за правосудна управа на Народна Република Македонија.

Во изминатото раздобје градбата претрпува низа измени кои го нарушуваат нејзиниот чист модернистички облик. Како и кај многу други случаи, нејзиниот рамен кров добива надградба и покрив, како и заоблена натстрешница пред самиот влез.[1]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Во Судската зграда во Битола, како и во сличните судови во Штип и Велес, за прв пат јасно се гледа архитектонскиот јазик на авторот – спој помеѓу рационалистичката димензија во модернизмот и функционалистичката нишка на традиционалната архитектура.

Објектот претставува рационално решение на бел кубус сместен врз основа од кршен камен. Главниот волумен е изведен од бетон, а неговата фасадна рамнина е прекршена со низа брисолеи и репетиција на стандардни прозорци. Единствената отстапка е влезот кој е акцентиран со низа на столбови и мала висинска денивелација.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Чаусидис, Ноеми (29.01.2021). „Судска зграда – Битола / Чипан, 1958г“. Македонска АРХитектура. Посетено на 10 август 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)