Стојан Чундев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стојан Чундев
Роден Стојан Чундев
5 мај 1932
Софија, Царство Бугарија
Починал 19 септември 2012(2012-09-19) (возр. 80)
Националност Македонец
Занимање универзитетски професор

Стојан Чундев (5 мај 1932 во Софија19 септември 2012 во Скопје) — македонски универзитетски професор на Факултетот за електроника и информациски технологии во Скопје.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Белград во 1955 година, а докторирал во 1974 година на Електротехничкиот факултет во Загреб.

Во 1955 година се вработил во Фабриката за автобуси „11 Октомври“, додека во 1965 година бил примен на Електротехничкиот факултет во Скопје како предавач, а од 1977 година е избран за редовен професор.

Ја основал и бил раководител на Лабораторијата за електротермија и ја вовел оваа дисциплина на Електротехничкиот факултет во Скопје.

Активно работел во рамките на Југословенскиот сојуз за заварување и во Меѓународниот институт за заварување.

Бил автор на оригинални и патентирани уреди и постројки од подрачјето на електричното заварување.

Има напишано високошколски учебници по електротермија, по електрично заварување и по индустриски роботи.

Починал на 19 септември 2012 година.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Чундева“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1631. Text "series " ignored (help)
  2. „In-memoriam - Почина проф. д-р Стојан Чундев“. Daily.MK - Вести. Посетено на 2023-12-26.