Стихови (Коле Неделковски, 1958)
„Стихови“ — книга со избор од поезијата на Коле Неделковски, во редакција на Тодор Димитровски. Книгата била објавена во 1958 година од издавачката куќа „Кочо Рацин“.
Содржина[уреди | уреди извор]
Книгата содржи 23 песни од двете поетски збирки на Неделковски, „Молскавици“ и „Пеш по светот“, предговор со наслов „Лириката на Коле Неделковски“ чиј автор е Димитар Митрев, „Белешки“ на Тодор Димитровски, како и ликовни прилози (факсимили на делови од поетските збирки на Неделковски).
„Молскавици“[уреди | уреди извор]
- Младост попарена
- Причинуење
- Раткина неволја
- Рането срце
- Жив отруен
- Чичко ми...
- Ропство
- Работник
- Стачка
- Одродени...
- Ангелко
- На кинисуење
- Не колни
- Стојан на Ордановци
- Мајка
- Скитник
„Пеш по светот“[уреди | уреди извор]
- Пеш по светот (поема)
- 1941
- Глас од Македонија
- Враќање
- Во туѓина
- На поетот
- Мајка и син
Технички карактеристики[уреди | уреди извор]
Книгата е отпечатена во тврд повез и има 95 страници. Технички уредник бил Коста Бојаџиевски, а коректурата ја направила Костадинка Георгиева. Книгата е испечатена во печатницата „Гоце Делчев“ во Скопје, во октомври 1958 година, во тираж од 2 000 примероци. Таа не е каталогизирана и не ја поседува меѓународната ознака ISBN.[1]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коле Неделковски, Стихови. Кочо Рацин, Скопје, 1958, стр. 95.