Стивен Вселенски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Плакатот на серијата

Стивен Вселенски[1] (англиски: Steven Universe) — американска анимирана серија создадена од Ребека Шугар, позната по нејзината работа на „Време е за авантура“ за каналот Cartoon Network. Серијата била предложена за Еми-награда и две награди Ени. Пилотската епизода била објавена на 21 мај 2013 г. на YouTube, а целосното емитување започнало на 4 ноември 2013 г. на каналот Cartoon Network. Во јули 2016 г., серијата била обновена за втора сезона.[2] Во март 2016 година, серијата била обновена за трета сезона, во мај 2017 г. за четврта сезона, а во јуни 2018 г. за петта. Во 2019 г. бил објавен долгометражен филм, а серијата била продолжена за шеста сезона, која станала последна. Анимираната серија завршила на 28 март 2020 г. и се состоела од 6 сезони, вклучувајќи ТВ-филм и сезона на продолжение.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Изворно е Стивен Јуниверс, но на македонски е одомаќинето како Стивен Вселенски. „Вселенски“ му е презимето.
  2. 'Adventure Time,' 'Regular Show,' 3 More Renewed at Cartoon Network“. The Hollywood Reporter. Архивирано од изворникот на 2015-07-10. Посетено на 2015-09-19. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]