Стефан Букчев
Изглед
| Стефан Букчев | ||
| Роден | 12 јуни 1915
Пателе, Кралство Грција | |
|---|---|---|
| Занимање | писател | |
Стефан Букчев (Пателе, Леринско, 12 јуни 1915 ) — писател од македонска народност.
Животопис
[уреди | уреди извор]Букчев е роден е на 12 јуни 1915 година во село Пателе, Леринско, Егејскиот дел на Македонија. Основно образование завршил на грчки јазик во родното место, а потоа и два класа во Суровичево. Никогаш не посетувал училиште на македонски или некој друг словенски јазик. Неговото извонредно познавање на македонскиот литературен јазик се должи пред се на неговата огромна љубов кон афирмирањето на македонскиот збор во странство. Член е на друштвото на борците и еден од иницијаторите за основањето на Македонското литературно друштво „Браќа Миладиновци“ во Торонто.[1]