Прејди на содржината

Статуа на Роланд во Бремен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Статуа на Роланд на главниот плоштад

Бременскиот Роланд, статуа на Роланд подигната во 1404 година на плоштадот пред градската општина е обележје на Бремен . Од 1973 година, статуата на Роланд е заштитен споменик и во 2004 година заедно со градскиот совет е прогласен за светско наследство на УНЕСКО.

Фигурата е висока 5,47 метри и стои на подиум висок 60 сантиметри. Одзади е потпрен со столб крунисан со готски украсен балдахин. Така, споменикот достигнува вкупна висина од 10,21 метри и со тоа е највисоката самостојна статуа на германскиот среден век.

Грбот на Роланд

Статуата го прикажува познатиот јунак од песните и еповите (Епот за Роланд) воен командант и наводен внук на Карло Велики. Значи, Роланд стои на плоштадот како претставник на кралот, ги објавува и ги гарантира пазарните права и слободи што наводно му биле доделени на градот.

Роланд се одликува со оклопот и со посебен начин на витешки живот. Подигнатиот меч на статуата е повеќе симбол на градски судија отколку на припадник на витешкиот род, бидејќи му недостасува ножница што би била прикачена на појасот. Штитот со грбот на двоглавиот орел на империјата е знак на правото на Бремен на слобода што долго му било оспорувано.

Историја

[уреди | уреди извор]
Разгледница ~ 1905 година со статуата на Роланд на градскиот плоштад

Претходникот на Роланд бил направен од дрво и во ноќта од 28 кон 29 мај 1366 година бил превртен и запален од војници на надбискупот Алберт. И тој како и подоцнежната статуа го носел кралскиот грб и се претпоставува дека како и другите стари статуи на Роланд бил поставен меѓу 1340 и 50 година. Во 1404 година, пред изградбата на градската општина, Советот на Бремен го поставил новиот камен Роланд.

Во Бремен се раскажува дека градот ќе остане слободен и независен сè додека Роланд стои и ги чува.