Статистика за бизнис и економија (книга)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Статистика за бизнис и економија - книга на македонските економисти Славе Ристески и Драган Тевдовски, првобитно објавена во 1999 година. Книгата доживеала неколку изданија и се користи како универзитетски учебник на повеќе економски факултети во Македонија.

Прво издание[уреди | уреди извор]

Првото издание на книгата (чиј автор е само Славе Ристески) се појавило во 1999 година, а нејзината содржина во најголем дел била преземена од книгата „Статистика за менаџмент и економија“ од 1998 година која, исто така, била издадена од Економскиот факултет - Скопје.[1]

Второ издание[уреди | уреди извор]

Второто, преработено и дополнето издание (чиј автор е Славе Ристески) по својата содржина не се разликува од првото, со одредени измени, како: третата глава, посветена на веројатноста, била целосно преработена; во шестата глава (Статистичко оценување) била внесена уште една точка; во примерите биле ажурирани временските низи и биле додадени нови прашања и задачи.[1]

Трето издание[уреди | уреди извор]

Автори на третото, преработено и дополнето издание од 2008 година биле Славе Ристески и Драган Тевдовски, а во содржината биле направени одредени измени, како: во петтата глава била додадена една точка; во седмата глава бил додаден концептот на p-вредноста; во секоја глава биле додадени цели на учењето; сите глави биле надополнети со нови примери и задачи, како и нови графички прикази; во секоја глава се внесени делови за користење компјутер; во книгата е додаден CD-ROM; а користената литература била дополнета со нови наслови.[2]

Четврто издание[уреди | уреди извор]

Во 2010 година се појавило четвртото издание на книгата. Рецензенти на книгата биле Александар Ќурчиев и Борислав Благоев, ликовен уредник бил Кочо Фиданоски, лектор Здравко Ќорвезироски, а графичкото и ликовно-техничкото уредување го направил Бане Галиќ. Книгата, со обем од 588 страници, била испечатена во печатницата „Македонска ризница“ во Куманово. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-212-009-6.[3]

Содржина[уреди | уреди извор]

  • Предговор
  • Вовед
  • Дескриптивна анализа
  • Веројатност
  • Случајна променлива и распореди на веројатноста
  • Статистички примерок
  • Статистичко оценување
  • Тестирање на статистички хипотези
  • Анализа на варијанса
  • Проста праволиниска регресија и корелација
  • Повеќекратна праволиниска регресија и корелација
  • Непараметарски методи
  • Индексни бројки
  • Анализа на временски низи
  • Таблици
  • Литература
  • Индекс

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Славе Ристески и Драган Тевдовски, Статистика за бизнис и економија. Скопје: Економски факултет - Скопје, 2010, стр. xxi.
  2. Славе Ристески и Драган Тевдовски, Статистика за бизнис и економија. Скопје: Економски факултет - Скопје, 2010, стр. xxii.
  3. Славе Ристески и Драган Тевдовски, Статистика за бизнис и економија. Скопје: Економски факултет - Скопје, 2010.