Борислав Благоев

Од Википедија — слободната енциклопедија

Борислав Благоев (Скопје, 1912 - 23 јануари 2009[1]) — македонски интелектуалец, правник и статистичар. Тој бил првиот декан на Правниот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј[2], а бил и декан на Економскиот факултет при истоимениот универзитет (1953-1960) и претседател на Советот на факултетот (1965-1967).

Животопис[уреди | уреди извор]

Борислав Благоев се родил во Скопје во 1912. Основно и средно образование завршил во родниот град, а високо образование на Правниот факултет во Белград. Две години по дипломирањето, бил на специјализација на престижниот правен факултет во Париз, а работел и во Меѓународната организација на трудот во Женева. Докторирал во 1939 година, на Правниот факултет во Белград, со дисертација на тема „Меѓународното регулирање на трудовите односи“. До 1944 бил адвокат, а по војната станал службеник во Планската комисија на Македонија. Во 1947, станал наставник како доцент на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје.

Во својот работен стаж, Благоев се занимавал со истражување и објавување трудови во две области: статистика и трудово право.

Тој станал прв декан на Правниот факултет во Скопје, а од 1953 до 1960 година, четири учебни години, бил декан на Економскиот факултет, a од 1965 до 1967 - претседател на Советот на Факултетот.[2]

Со своите објавени дела и научни достигнувања, Благоев учествувал на многу меѓународни конгреси во сите поголеми образовни центри во Европа.

Борислав Благоев почина во Скопје на 23 јануари 2009 година.

Дела[уреди | уреди извор]

Објавените дела на проф. Бориалав Благоев се следните:

  1. Основи на статистиката и статистика на населението, Скопје, учебник, 1975, 1980, 1985.
  2. Работни односи, Скопје, 1986.
  3. Основи на статистчката анализа, (соавтор), учебник, Скопје, 1993.
  4. Самоуправни радни односи, Београд, 1981.
  5. Статистика, Скопје, 1978.
  6. Меѓусебните работни односи на работниците во здружениот труд, Скопје, 1981.

Рефернци[уреди | уреди извор]

  1. Почина д-р Борислав Благоев, живата историја на Македонија[мртва врска]
  2. 2,0 2,1 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-09-06. Посетено на 2013-10-25.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]