Прејди на содржината

Старецот и пиштолот

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Старецот и пиштолот“ (англиски: The Old Man and the Gun) — американски филм од 2018 година, во режија на Дејвид Лоуери (David Lowery), кој е автор и на [Сценарио|сценариото]]. Главните улоги ги играат: Роберт Редфорд (Robert Redford), Кејси Афлек (Casey Affleck), Дени Гловер (Danny Glover), Тика Самптер (Tika Sumpter), Том Вејтс (Tom Waits) и Сиси Спејсек (Sissy Spacek). Филмот добил бројни позитивни критики, а Роберт Редфорд бил номиниран за наградата „Златен глобус“ во категоријата најдобар глумец во комедија или мјузикл.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Форест Такер (го игра Редфорд), 70-годишен затвореник успева да избега од затворот Сан Квентин, а потоа извршува неколку смели грабежи со кои ја збунува полицијата и ја воодушевува јавноста. Во потрага по него поаѓа детективот Џон Хант, кој е воодушевен од начинот на кој Такер ја врши својата работа, а истовремено, Такер го бара и жената која го сака...

Наводи[уреди | уреди извор]