Стадион Рујевица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стадион ХНК Риека
Rujevica stadium, Rijeka, Croatia.jpg
Место Риека, Хрватска
Отворен 2 август 2015
Проширен јули 2017
Сопственик ФК Риека
Оператор HNK Rijeka
Подлога хибридна трева
Игра ФК Риека
Гледачи 8,279[1]

Стадион Рујевица (официјално име: Стадион ХНК Риека) — стадион кој се наоѓа во Риека, Хрватска[2][3]. Стадионот честопати се нарекува Рујевица според неговата местоположба. Од август 2015 година, стадионот е привремен дом за ФК Риека поради изградбата на новиот стадион Кантрида. Стадионот е дел од тренинг кампот што го користи младинската академија на клубот, која вклучува четири дополнителни терени. Откако ќе се изгради новиот стадион Кантрида, Рујевица ќе се користи за тренинг на клубот[4].

Градба[уреди | уреди извор]

Изградбата на центарот започнала на 15 септември 2014 година и проектот бил финансиран од сопствениците на ФК Риека[5]. На 28 јули 2015 година на стадионот му била издадена дозвола од хрватските фудбалски власти[6]. Официјално бил отворен на 2 август 2015 година со победата на Риека против НК Локомотива. Марин Леовац го постигнал првиот гол[7].

Проширување[уреди | уреди извор]

Во јануари и ноември 2016 година, претседателот на клубор, Дамир Мишковиќ изјавил дека северната трибина може да биде изградена за да се усогласи со условите кои ги бара УЕФА за одржување на натпревари од групните фази на Лигата на шампионите и УЕФА Лига Европа со минимален капацитет од 8.000 гледачи[8][9]. Изградбата на северната трибина започнала на 11 мај 2017 година[10]. Изградбата била завршена на 21 јули 2017 година, зголемувајќи го вкупниот капацитет на стадионот од 6,039 до 8,279[11]. Капацитет по сектор

Четири сектори придонесуваат за вкупниот капацитет за седење од 8.279:

  • Сектор И (исток): 2.852
  • Сектор З (запад): 2.775 (вклучувајќи ВИП сектор)
  • Сектор С (север): 2.240
  • Сектор Ј (југ): 412 (сектор за поддршка на гостите)

Посетеност во домашната лига[уреди | уреди извор]

Season Вкупно Најголема Најмала Просечно
2015–16 71,682 5,776 2,522 4,217
2016–17 85,628 6,004 3,022 4,757
2017–18 80,262 7,258 3,022 4,721

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Stadion HNK Rijeka“. Soccerway. конс. 11 August 2017. 
  2. „Rijekaprojekt-energetika, energy certificates for buildings, design and projects“. конс. 11 July 2016. 
  3. „Ovako će izgledati novi stadion na Rujevici?“ (Croatian). Rijeka Danas. конс. 11 July 2016. 
  4. „Stadion Kantrida » Training camp“. конс. 11 July 2016. 
  5. „Stadion Kantrida » Preparatory works started“. конс. 11 July 2016. 
  6. „HNK Rijeka – Stadionu HNK Rijeka uporabna dozvola“ (Croatian). HNK Rijeka. 28 July 2015. конс. 11 July 2016. 
  7. „Rijeka-Lokomotiva 3-1“. Prvahnl.hr. конс. 28 February 2017. 
  8. Cupać, Damir (14 January 2016). „Rujevica dobiva sjevernu tribinu, u klubu tvrde: 'Ne odustajemo od Kantride, to je zbog euro susreta' (Croatian). Novi List. конс. 11 July 2016. 
  9. „Mišković: Uložili smo 50 milijuna eura u Rijeku, a sad želimo Ćorića“ (Croatian). Goal.com. 2 November 2016. конс. 4 November 2016. 
  10. „Počeli radovi na izgradnji sjeverne tribine stadiona HNK Rijeka“ (Croatian). HNK Rijeka. 11 May 2017. конс. 12 May 2017. 
  11. „Dovršena sjeverna tribina stadiona HNK Rijeka“ (Croatian). HNK Rijeka. 21 July 2017. конс. 22 July 2017.