Стадион Жалгирис

Координати: 54°41′36″N 25°17′25″E / 54.69333° СГШ; 25.29028° ИГД / 54.69333; 25.29028
Од Википедија — слободната енциклопедија
Стадион Жалгирис
Карта
МестоположбаВилнус, Литванија
Координати54°41′36″N 25°17′25″E / 54.69333° СГШ; 25.29028° ИГД / 54.69333; 25.29028
СопственикHanner
Сместивост15,029
Изградба
Отворен1951
Обновен1949–1950
Затворен2011
Урнат2016

Стадион Жалгирис (литвански: Žalgirio stadionas) ― поранешен повеќенаменски стадион во Старешовина Жирмунаи од Вилнус, Литванија. Стадионот имал 15.029 места и бил најголем во Литванија до неговото уривање. Тој бил најголемиот фудбалски стадион во Литванија и бил изграден над осквернавените гробови на Евреите погребани на Старите еврејски гробишта под стадионот.

Свеченото отворање на стадионот по преизградбата на 15 јуни 1929 година.

Именуван е по Битката кај Грунвалд и повторно бил изграден од германските заробеници по Втората светска војна и бил завршен во 1950 година (стадионот постоел веќе пред Втората светска војна и бил користен од Погон Вилно; во 1936 година на стадионот било одржано полското првенство во атлетика).

По независноста бил користен од фудбалската репрезентација на Литванија, но подоцна го изгубила своето значење како национален стадион и сите меѓународни фудбалски натпревари биле играни или на Стадионот Дариус и Гиренас во Каунас или на поновиот Стадион ЛФФ исто така во Вилнус.

Во 2015 година, стадионот бил продаден на литванското друштво за недвижности Hanner, кое планирало да го урне и да отвори место за станови, хотели и канцеларии.[1]

Уривањето на Стадионот Жалгирис започнало на 5 јули 2016 година.[2][3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Arvydas Avulis perka Žalgirio stadioną, jo vietoje statys namų už 200 mln. eurų“. 15min.lt (литвански). 4 мај 2016. Посетено на 23 април 2023.
  2. „Vilniuje pradėtas griauti legendinis "Žalgirio" stadionas“. lrytas.lt (литвански). 5 јули 2016. Архивирано од изворникот на 2016-07-08. Посетено на 23 април 2023.
  3. Razmaitė, Inga (7 јули 2016). „Griaunamas Žalgirio stadionas – atlaisvinama vieta viešbučiui“. vz.lt (литвански). Посетено на 23 април 2023.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]