Среќо моја (филм од 2010)
Изглед
Среќо моја - украинско-германско-холандски филм од 2010 година, во режија на Сергеј Лозница, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Виктор Немец, Владимир Головин и Алексеј Вертков. На Канскиот филмски фестивал во 2010 година, филмот влегол во конкуренција за „Златната палма“ и за „Златната камера“.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Георгиј (го игра Немец) е возач на камион кој превезува брашно. Еднаш, случајно го застанува полицијата, а потоа тој качува еден постар автостопер, патем се обидува да спаси една млада проститутка и најпосле завршува во шумата, каде три бездомници му нудат сместување во кампот. Тие го онесвестуваат, му ја крадат стоката, а тој се буди со изгубено сеќавање...[2]