Прејди на содржината

Спортски центар Чаир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Спортски Центар Чаир
Држава
Место Ниш, Србија
Отворен 1974
Реновиран 2011
Сопственик Градот Ниш
Гледачи 5,000 (спортски натпревари)
6,500 (концерти)
Игра КК Ергоном

Спортскиот Центар Чаир, уште познат како Сала Чаир е мултифунционална спортска сала која се наоѓа во градот Ниш, Србија. Сместивоста на салата изнесува 5,000 места за спортски натпревари и 6,500 места за концерти.

Реконструкција

[уреди | уреди извор]

Спортскиот центар бил целосно реновиран во 2011 година, откако било утврдено дека салата не ги исполнува критериумите за да биде домаќин на една од групите за Европското ракометно првенство 2012.[1] Реконструкцијата на салата се извршила според највисоките европски стандарди и критериуми доставени од страна на ЕХФ, правејќи ја салата најмодерна во Србија. Салата добила нов модерен интериер, нов систем на климатизација, модерно осветлување, нови соблeкувални, медицински блок, нови телескопски трибини, како и два големи семафори и дури четири мали.[2][3] Сместивоста била зголемена за уште 500 места. Салата е целосно опремена за да може да биде домаќин на најголеми спортски настани.

Натпреварувања

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

43°19′0.18″N 21°54′27.84″E / 43.3167167°N 21.9077333°E / 43.3167167; 21.9077333