Споменик на Филип II Македонски (Битола)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Споменик на Филип II Македонски
Споменикот на Филип II на плоштадот Магнолија
Општи податоци
ГрадБитола
ЗемјаМакедонија
НарачателОпштина Битола
Проектирање и изградба
АрхитектАнгел Коруновски

Споменик на Филип II Македонски — споменик на плоштадот Магнолија во Битола, посветен на старомакедонскиот крал Филип II. Филип II бил основач на античкиот македонски град Хераклеја Линкестис кој е претходник на денешната Битола. Споменикот е висок 8,5 метра (со постаментот), со Филип II во свечена одора, јавнат на коњ. Споменикот е излиен во бронза во Нови Сад и е дело е на вајарот Ангел Коруновски. Поставен е на 21 јуни 2011 година. Во непосредна близина на споменикот се наоѓа фонтана која навечер е придружена со музика синхронизирана со светлосни ефекти [1].

Целиот комплекс, споменикот и фонтаната, зафаќа површина од 600 квадратни метри од градскиот плоштад Магнолија.

Фонтана[уреди | уреди извор]

Фонтаната е направена во вид на штит со Сонцето на Вергина, околу фонтаната има други исти штитови и копја. Околу фонтаната се поставени звучници кои навечер емитуваат музика синхронизирана со светлосни ефекти во фонтаната. Штитот од фонтаната се крева и се врти додека млазови вода се исфрлаат низ него.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Утрово во Битола поставен споменикот на Филип Втори на семрежното место на Македонска нација

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/utrovo-vo-bitola-postaven-spomenikot-na-filip-vtori
  2. http://www.time.mk/cluster/811a961313/filip-vtori-postaven-na-plostadot-vo-bitola.html[мртва врска]
  3. http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=88081&kategorija=1 Архивирано на 23 август 2011 г.