Плоштад Магнолија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Плоштадот Магнолија со статуата на Филип Втори Македонски
Фонтаната со Ѕвездата од Кутлеш на плоштадот Магнолија

Плоштад Магнолија е плоштад во Битола, лоциран во близина на Саат кулата, веднаш до Широк сокак и спротивно од црквата Свети Димитрија. Околу плоштадот има стари куќи од македонската архитектура и архитектурата од времето на Османската Империја кои се под наем од неколку компании, фирми и кафе барови. Битола, кој беше голем културен центар[1] во Османската Империја има многу интересни градби од Турците од кои многу се на Широк сокак и плоштадот Магнолија. Исто така има уметничка галерија наречена „Магаза“ и новоизградената „Стаклена зграда“.

Битола во соработка со Владата на Република Македонија го изгради споменикот на Филип Втори[2] кој е 8,5 метри висок и е околу фонтаната со Ѕвездата од Кутлеш каде има и клупи за седење.

За време на Нова година, на плоштадот Магнолија се одржува и главната прослава со познати пејачи и музичари од македонската сцена.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. [1] The history of Bitola (MKD)
  2. [2] Statue of Philip II of Macedonia in Bitola's city square (MKD)