Зелениково

Од Википедија — слободната енциклопедија

Зелениково е село во Општина Зелениково, во околината на градот Скопје.

Wiki

Поглед на Зелениково и мал дел од Станица Зелениково со црквата Св.Ѓорѓија

Географиja и местоположба

Селото Зелениково, се наоѓа во крајниот југо-источен дел на Скопската котлина од десната страна на реката Вардар непосредно пред почетокот на Таорската клисура. Селото е рамничарско и лежи на надморска височина од 245 метри. Атарот на селото е заеднички со железничката населба Станица Зелениково, која е дел од ова село, сместена кај железничката станица Зелениково, само 1 километар од селото Зелениково.

Историja

Селото Зелениково е доста стара населба и се претпоставува дека тука имало населби уште од периодот на антката со оглед на близината на археолошкиот локалите Таор и археолошките пронајдоци во околината. Во селото Зелениково постои познатиот стар манастир кој е повторно изграден во 19 век, а кој бил најпрвин изграден уште пред доаѓањето на Турците. Селото Зелениково го добило своето име поради зелениката (шимширот), која е многу застапена на ридовите над Зелениково.

Археолошки локалитети

Зелениково (археолошки локалитети)

Економија

Главна стопанска гранка на населението е земјоделството, од што најзастапени се полјоделството и сточарството. Од полјоделските култури најзастапени се житото (пченица), доматот, пиперката, кромидот и лукот, краставицата, фуражните култури итн. Од сточарството во особен подем е козарството поради поволната место положба на тревнати ридови со ниски грмушки. Во Зелениково работи и млекарница која своите производи најчесто ги продава во маркетите и пазарите во Скопје и Велес.

Демографија

Заедно со Станица Зелениково, селото Зелениково според пописот од 2002 година го има следниот состав на население:

  • жители 1906
  • Македонци 1627
  • Албанци 1
  • Роми 61
  • Срби 18
  • Власи 1
  • Бошњаци 190
  • останати 8

Статистички податоци се водат и одделно за селото Зелениково и Станица Зелениково. Според пописот од 2002 година, самото село Зелениково има 771 жител од кои:

Селото Зелениково бележи константен пораст на своето население, па така од 356 жители во 1961 година, бројот на населението нараснал на 709 жители во 1994, за денес да порасне на 771 жител, а тоа се должи и на високиот наталитет и на емиграцијата на население од околните ридско-планински села (како Градовци на пример).

Општествени институции

Администрација и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Надворешни врски