Јовица Тасевски - Етернијан: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
Нема опис на уредувањето |
с Бот: Промена на шаблон: Инфокутија Личност |
||
Ред 1: | Ред 1: | ||
{{Инфокутија |
{{Инфокутија за личност |
||
| име = Јовица Тасевски - Етернијан |
| име = Јовица Тасевски - Етернијан |
||
| портрет = |
| портрет = |
Преработка од 14:01, 11 април 2010
Јовица Тасевски - Етернијан | ||
Роден | Јовица Тасевски 25 јули 1976 Скопје, Република Македонија | |
---|---|---|
Занимање | македонски поет, есеист, критичар и преведувач. |
Јовица Тасевски - Етернијан (роден на 25 јули 1976 год. во Скопје, Република Македонија) е македонски поет, есеист, критичар и преведувач. Дипломирал општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје. Работи во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје. Уредник е на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ - Прилеп. Стручен советник е за македонска поезија на директорот на меѓународниот поетски проект „The Other Voices“ - антологија на светската поезија која е вклучена во референтната листа (World Poetry Directory) на УНЕСКО.[1][2][3][4][5] Член е на Друштвото на писателите на Македонија, Друштвото за компаративна книжевност на Македонија, Британското поетско друштво (The Poetry Society)[6][7][8][9] и Светското поетско друштво.[10]
Литературно творештво
- „Нешто се слуша“ (поезија, 1995)
- „Визии. Глагол“ (поезија, 1997)
- „Веда“ (поезија, 1998)
- „Постојното, плимата“ (книжевни критики, есеи и студии, 2000)
- „Клатно“ (поезија, 2001)
- „Небесни стражи“ (поезија, 2004)
- „Посоки и огледи“ (книжевни критики, есеи и студии, 2006)
- „Синтакса на светлината“ (поетски избор, 2008)
Заедно со Маја Апостолоска го има составено изборот од современата македонска поезија со библиски, религиозни и апокрифни мотиви што излезе како специјален број на списанието Стремеж (11/12. 2000). Ја има составено и антологијата на младата македонска поезија „Неидентификувана небесна дојка“ (2001).
Врз основа на неговата поезија во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ - Велес беше изведена претставата „Небесни стражи“ во режија на Весна Димитровска (2005).
Неговата поезија е застапена во повеќе антологии и преведена е на англиски, полски, романски, грчки, српски, хрватски и словенечки јазик.
Надворешни врски
„Небесни стражи“ од Јовица Тасевски - Етернијан
Блог на Јовица Тасевски - Етернијан
Извори
- ↑ Македонска информативна агенција, 14. 09. 2009
- ↑ Инпрес, 14. 09. 2009
- ↑ Култура во РМ, 14. 09. 2009
- ↑ Вечер, 16. 09. 2009
- ↑ Утрински весник, 18. 09. 2009
- ↑ Нетпрес, 21. 07. 2009
- ↑ Култура во РМ, 21. 07. 2009
- ↑ Вечер, 22. 07. 2009
- ↑ Утрински весник, 22. 07. 2009
- ↑ Биографија на Јовица Тасевски - Етернијан