Британско кралско семејство: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
с Бот додава Шаблон: Без извори |
nelicencirana slika |
||
Ред 73: | Ред 73: | ||
Image:Prince Michael of Kent.jpg|<small>Принцот Михаил од Кент</small> |
Image:Prince Michael of Kent.jpg|<small>Принцот Михаил од Кент</small> |
||
Image:Princess Michael Kent.JPG|<small>Принцезата Михаела од Кент</small> |
Image:Princess Michael Kent.JPG|<small>Принцезата Михаела од Кент</small> |
||
Image:Alexandra of Kent.jpg|<small>Принцезата Александра</small> |
|||
</gallery> |
</gallery> |
||
Преработка од 20:42, 17 март 2010
Грешка: сликата е неважечка или не постои
Британското кралско семејство е група луѓе во блиско сродство со британскиот монарх. Иако не постои строга правна дефиниција за тоа кој може да биде член на ова семејство [1], и разни листи вклучуваат разни луѓе, оние што се ословуваат како Негово или Нејзино Височество (Н.В.) или Негово или Нејзино Кралско Височество (Н.К.В.) се сметаат за членови. Во овие спаѓаат:
- Британскиот Суверен (крал или кралица)
- придружбата на Суверениот (негов или нејзин сопружник)
- вдовци на претходни Суверени
- децата на Суверениот
- внуците на Суверениот (принцови и принцези) по машка линија
- сопружници и вдовци на децата на Суверениот, како и внуци по машка линија
- пред 1917 год, правнуците по машка линија.
Многу милиони луѓе се на некој начин во подалечно сродство со британското кралско семејтсво по пат на кралско потекло.
Моменталните членови на британското кралско семејство ѝ припаѓаат на династијата Виндзор.
Листа на членови
Ова е листа на моменталните членови на британското кралско семејство, преземено од офијалниот вебсајт на [2]
- Кралицата на Обединетото Кралство
- Војводата од Единбург (сопругот на Кралицата)
- Принцот од Велс и Војвотката од Корнвол (најстариот син на Кралицата и неговата жена)
- Принц Вилијам од Велс (постариот син на Принцот од Велс)
- Принц Хари од Велс (помладиот син на Принцот од Велс)
- Војводата од Јорк (вториот син на Кралицата)
- Принцеза Беатриса од Јорк (постарата ќерка на Војводата на Јорк)
- Принцеза Евгенија од Јорк (помладата ќерка на Војводата од Јорк)
- Грофот и грофицата од Весекс (најмладиот син на Кралицата и неговата жена)
- Леди Луиса Виндзор (ќерката на Грофот од Весекс)
- Кралската Принцеза (ќерката на Кралицата)
- Војводата и Војвотката од Глостер (братучед на Кралицата и неговата жена)
- Војводата и Војвотката од Кент (братучед на кралицата и неговата жена)
- Принцот Михаил и Принцезата Михаела од Кент (братучед на Кралицата и неговата жена)
- Принцезата Александра, Чесната Леди Огилви (братучетка на Кралицата)
Галерија на членовите
-
Кралицата и Војводата од Единбург
-
Принцот од Велс и и Војвотката од Корнвол
-
Војводата од Јорк и Принцезите Беатриса и Евгенија од Јорк
-
Грофот и Грофицата од Весекс со Леди Луиса Виндзор
-
Кралската принцеза
-
Војводата и Војвотката од Глостер
-
Војводата од Кент
-
Војвотката од Кент
-
Принцот Михаил од Кент
-
Принцезата Михаела од Кент
Проширена листа на членови
Следниве се роднини на британското кралско семејство:
- Контра Адмирал Тимоти Лоренс (сопругот на Кралската Принцеза)
- Питер Филипс и Зара Филипс (синот и ќерката на Кралската Принцеза)
- Виконтот Линли (синот на починатата Принцеза Маргарет), неговата сопруга и нивните деца
- Леди Сара Шато (ќерката на починатата Принцеза Маргарет), нејзиниот сопруг и децата
- Грофот и Грофицата од Алстер (синот на Војводата од Глостер и неговата сопруга)
- Леди Давина Луис и г-дин Гери Луис (ќерката на Војводата од Глостер и нејзиниот сопруг)
- Леди Роуз Виндзор (ќерката на Војводата од Глостер)
- Грофот и Грофицата на Св. Ендрјус (синот на Војводата од Кент и неговата сопруга) и нивните деца
- Леди Хелен Тејлор (ќерката на Војводата од Кент), нејзиниот сопруг и нивните деца
- Лорд Николас Виндзор (помладиот син на Војводата од Кент)
- Лорд Фредерик Виндзор и Леди Габриела Виндзор (синот и ќерката на Принцот Мајкл од Кент)
- Г-динот и г-ѓата Џејмс Огилви (синот на Принцезата Александра и неговата сопруга) и нивните деца (Александар Чарлс и Флора Александра)
- Г-ѓица Марина Огилви (ќерка на Принцезата Александра) и нејзините деца (Кристијан Мват и Зенушка Моват од нејзиниот поранешен сопруг)
- Грофот од Хервуд (внук на Кралот Џорџ V преку неговата ќерка Мери, Кралската Принцеза), неговата втора жена и нивните деца
- Почитуваната г-ѓа Џералд Ласкелес (вдовица на Почитуваниот Џералд Ласкелес, внук на Џорџ V по мајчина линија), и нивните деца
- Војводата од Фајф (правнук на Едвард VII) по мајчина страна и неговите деца
- Војводата од Графтон, и неговот семејство
- Леди Салтон (вдовица на Александар Рeмзи од Мар, внук на Принц Артур, Војвода од Конот и Стратерн по мајчина страна, третиот син на Кралицата Викторија), и неговите деца
- Грофицата Монтбатен од Бурма (постара ќерка на Луј Монтбатен, 1-в Гроф Монтбатен од Бурма и прв братучед на Војводата од Единбург) и нејзиното семејство
Овие луѓе не се финансираат од Личното ќесе. Меѓутоа Кралицата секогаш ги кани на приватни семејни собирања и како дел од кралски свечености, како Дефиле на знамињата, Златниот јубилеј и церемонијални или државни закопи.
Следниве тројца се поранешни сопружници на членови на кралското семејство:
- Сара, Војвотка од Јорк (поранешна сопруга на Војводата од Јорк),
- Капетан Марк Филипс (првиот сопруг на Кралската Принцеза) и
- Грофот од Сноудон (поранешниот сопруг на починатата Принцеза Маргарет).
Следниве се неодамна починати членови на кралското семејство: