Мостот за Терабитија (филм од 2007): Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
с Бот Додава: id:Bridge to Terabithia (film 2007) |
Мало |
||
Ред 23: | Ред 23: | ||
| imdb_id = 0398808 |
| imdb_id = 0398808 |
||
}} |
}} |
||
⚫ | '''''Мостот за Терабитиа''''' е филм од 2007 режиран од [[Габор Ксупо]] (ко-основач на [[Klasky-Csupo]]) за [[Walt Disney Pictures]] и [[Walden Media]], базиран на [[роман]]от на [[Кетрин Петерсон]], [[Мостот за Терабитиа (роман)|со истото име]]. Филмот беше издаден [[16 февруари]], [[2007]] во [[САД]] и [[Канада]] и [[16 јуни]], [[2007]] во [[Нов Зеланд]]. Филмот беше втор на бокс офисот во САД и Канада за време на првиот викенд на прикажување. Беше рангиран [[Американска филмска асоцијација-систем на рангирањена филмови|PG]] поради тематските елементи вклучувајќи го малтретирањето на училиште. |
||
⚫ | |||
⚫ | Дванаесет годишно момче по име Џеси „Џес“ Аронс ([[Џош Хатчерсон]]) е мирно момче кое има прекрасни уметнички вештини. Џес живее во големо семејство кое е во финансиска криза. Дванаесет годишната Лесли Бурк ([[АнаСофија Роб]]) е новото девојче во училиштето кое има потешкотии наоѓајќи пријатели но и покрај тоа сепак е полна со радост и среќа и има бујна фантазија. Таа се пријавува на една училишна трка на која победува покрај тоа што и нагласуваат дека е трка само за момчиња. На почетокот, Џес е доста повреден поради ова и несака да има ништо со Лесли, но упорноста на Лесли да го запознае подоцна се исплатува и брзо по тоа двајцата стануваат многу блиски пријатели. Џес и ја покажува својата љубов кон уметноста на Лесли и таа се воодушевува. Заедно влегуваат во шумата, каде наоѓаат едно цврсто јаже со кое ја поминуваат реката и на другата страна наоѓаат напуштена куќичка на дрво. Тука, двајцата измислуваат еден свет кој го нарекуваат Терабитиа и тој оживува како што тие си замислуваат дека тој изгледа. |
||
⚫ | '''''Мостот за Терабитиа''''' е |
||
⚫ | |||
⚫ | Дванаесет годишно момче по име Џеси „Џес“ Аронс ([[Џош Хатчерсон]]) е |
||
Назад во „реалниот“ свет, двајцата патат од лоши деца на училиште. Лесли му дава на Џес неочекуван роденденски подарок, комплет боици за цртање и тој и дава куче на Лесли (Принц Териен) за возврат. На следното патување за Терабитиа јасно се покажува дека нивото на водата се зголемило или пак јажето се подискинало бидејќи кога ја преминуваат реката јасно се гледа дека нозете ја допираат водата. |
Назад во „реалниот“ свет, двајцата патат од лоши деца на училиште. Лесли му дава на Џес неочекуван роденденски подарок, комплет боици за цртање и тој и дава куче на Лесли (Принц Териен) за возврат. На следното патување за Терабитиа јасно се покажува дека нивото на водата се зголемило или пак јажето се подискинало бидејќи кога ја преминуваат реката јасно се гледа дека нозете ја допираат водата. |
||
Преработка од 15:10, 5 јануари 2009
„Мостот за Терабитиа Bridge to Terabithia“ | |
---|---|
Промотивниот постер | |
Режисер | Габор Ксупо |
Продуцент | Дејвид Патерсон Лорен Левин Хал Либермен |
Сценарист | Кетрин Петерсон (книга) Дејвид Л. Патерсон Џеф Стоквел |
Главни улоги | Џош Хатчерсон АнаСофаја Роб Роберт Патрик Бејли Медисон Зуи Десканел |
Музика | Арон Зигмен |
Кинематографија | Мајкл Чапмен |
Монтажа | Џон Гилберт |
Дистрибутер | Walt Disney Pictures (САД) Walden Media Paramount Pictures (Латино Америка) |
Премиера | 16 февруари, 2007 |
Времетраење | 96 мин. |
Земја | САД Нов Зеланд |
Јазик | Англески |
Буџет | $60,000,000 |
Бруто заработка | $133,887,109 |
Мостот за Терабитиа е филм од 2007 режиран од Габор Ксупо (ко-основач на Klasky-Csupo) за Walt Disney Pictures и Walden Media, базиран на романот на Кетрин Петерсон, со истото име. Филмот беше издаден 16 февруари, 2007 во САД и Канада и 16 јуни, 2007 во Нов Зеланд. Филмот беше втор на бокс офисот во САД и Канада за време на првиот викенд на прикажување. Беше рангиран PG поради тематските елементи вклучувајќи го малтретирањето на училиште.
Синопсис
Дванаесет годишно момче по име Џеси „Џес“ Аронс (Џош Хатчерсон) е мирно момче кое има прекрасни уметнички вештини. Џес живее во големо семејство кое е во финансиска криза. Дванаесет годишната Лесли Бурк (АнаСофија Роб) е новото девојче во училиштето кое има потешкотии наоѓајќи пријатели но и покрај тоа сепак е полна со радост и среќа и има бујна фантазија. Таа се пријавува на една училишна трка на која победува покрај тоа што и нагласуваат дека е трка само за момчиња. На почетокот, Џес е доста повреден поради ова и несака да има ништо со Лесли, но упорноста на Лесли да го запознае подоцна се исплатува и брзо по тоа двајцата стануваат многу блиски пријатели. Џес и ја покажува својата љубов кон уметноста на Лесли и таа се воодушевува. Заедно влегуваат во шумата, каде наоѓаат едно цврсто јаже со кое ја поминуваат реката и на другата страна наоѓаат напуштена куќичка на дрво. Тука, двајцата измислуваат еден свет кој го нарекуваат Терабитиа и тој оживува како што тие си замислуваат дека тој изгледа. Назад во „реалниот“ свет, двајцата патат од лоши деца на училиште. Лесли му дава на Џес неочекуван роденденски подарок, комплет боици за цртање и тој и дава куче на Лесли (Принц Териен) за возврат. На следното патување за Терабитиа јасно се покажува дека нивото на водата се зголемило или пак јажето се подискинало бидејќи кога ја преминуваат реката јасно се гледа дека нозете ја допираат водата.
На крајот на ова патување, Џес ја погледнува Лесли како си оди накај дома, (на истиот начин на кој ќе ја гледа наставничката по музичко, г-ѓа Едмундс) и наеднаш сфаќа дека се заљубил во неа. Рано следното утро, наставничката Едмундс (Зуи Десканел), која ги забележува уметничките вештини на Џес, му се јавува да го викне на мала посета во уметничкиот музеј. Тој се обидува да ја праша мајка му дали смее да оди во музејот, а таа поспана само пушта некои крик и Џес претпоставува дека таа се согласува. Бидејќи тој е заљубен во прекрасната наставничка не сака да ја викне и Лесли да дојде со нив, тој само погледнува накај нејзиниот дом како што одат накај музејот.
Кога се враќа, неговиот татко (Роберт Патрик) и мајка му се презагрижени, незнаејќи каде е Џес цел ден. Тие му ги кажуваат тажните вести дека Лесли умрела обидувајќи се да ја премине реката. Јажето се скинало и таа паднала во водата удирајќи ја главата на нешто веројатно камен што ја онесвестило. Џес е шокиран и заедно со мајка му и татко му одат да оддадат сочуство на родителите на Лесли.
Џес се чувствува виновен за нејзината смрт но татко му го разубедува дека не е така. По ова Џес ја презамислува Терабитиа и гради мост за да добредојде нов владител. Тој ја поканува сестра му, Мејбел Аронс (Бејли Медисон) да биде новиот владител. Тие ја замислуваат Терабитиа поубава од кога и да е и заедно прогласени како крал и принцеза почнуваат да владеаат со Терабитиа. [1][2]
Референции
- ↑ Official website (the plot synopsis is listed in the "About the Movie" section, under the heading "Story")
- ↑ Bridge to Terabithia movie stays true says author Retrieved February 15, 2007